Супер фала многу едит:случајно да си вработена во некоја банка? Ми требат некои информаци во врска со откажувањето
Да ве прашам дали би ми правеле проблем на граница во Грција ако пасошот ми е дп 24.07, а се враќам на 22.07? Искуство?
За да можеш да патуваш кон било која држава членка на ЕУ пасошот треба да има минимум три месеци важност. Можно е и најверојатно да не те пуштат на граница да влезеш во Грција.
На една братучедка еднаш така и побараа пасош. Незнам зошто, ама посигурно е да носи пасош, за секој случај.
А ако нема пасош? Сигурно не смее Грција за членки на ЕУ да си измислува посебни правила. Ајде, за нас им се може.
Јас сите што ги знам со бугарски, во Грција одат со пасош а не со лична карта. Мислам дека не во сите земји може со лична карта, ама не сум сигурна. Баш ќе проверам за Грција.
На интернет пишува дека може, дека важи политика за слободно движење во рамки на ЕУ. Ја направивте Грција ко Австралија да е, уште малку и визи ќе излезе дека бараат. Шиме со лична карта помина. Цела Европа со лична карта ја шета. Пасош нема воопшто.
Ептен ако имаат склучено некаков билатерален договор, па на таа основа да не може . Ништо чудно како што е забеган овој Балканот.
Да де, ќе и дадат на Грција да си игра со други членки на ЕУ. Не знам што ја направивте. Мене ми нема логика, а реков дека Шиме ПОМИНА со лична карта само, а не дека ќе проба да помине. (Макар да Шиме не е Бугарин) @fana тебе не те пуштија?
Ако сакаш да ја затвориш сметката, мораш да одиш во главната банка. Ако ја поништуваш само картичката, може во било која експозитура.