Дали некој знае дали студентски меѓуградски билети важат со индекс и преку лето или само за време на запишан семестар?
Дали некој знае во општините кога земаат плата или зависи од општина до општина? Мислам дали веднаш после први штом измине месецот или пак подоцна на пример после 15ти?
Појма немам како е ама златно ланче од 4г (пример) е 120€ да го купиш од златара. А колку пари би ти дале ако ти им однесеш злато со таа грамажа, не знам.
Дечки не сум во мк и на пасошот ми се истури стерилиум па сега потпис од службено лице е размачкан малце. Дали ке имам проблеми на граница? Да земам патен лист мислам за секој случај. И дали кога ќе вадам нов пасош треба да платам казна за оштетен пасош?
Еј Битолчанки! Порано имаше еден центар за странски јазици,па потоа мислам дека му го преместија седиштето. Мислам дека уште постои. Дали знаете адреса,некоја страна на фејс? И дали имаат курс за шпански и дали даваат сертификати? За малиот принц зборувам. Пост скриптум, дознав дека и во Лексика се учи шпански,ако се учи и во малиот принц кажете ми ако знаете нешо или на некое друго место кајшо иа курс по шпански и нормално на крајо сертификат да даваат. Благодарам однапред.
Тие што земаат пензија на тутунска, дали имаат проверено дали е легната на сметка ? Обично после полноќ ја покажува дека е пуштена, а сега кај мене нема ништо. Фала.