Убава урамена слика од целото ваше семејство, вечера за нив двајца, ако имаш поголем буџет патување или викенд за нив, јас би направила и видео од сите ваши убави заеднички моменти, доколку им фали нешто за дома можеш и такво нешто да купиш. Се надевам ќе користат идеиве.
Дали знае некој дали може утре да отидам во вип и овој број да го одјавам а новиот број шо ќе го земам да си го стаам на оваа претплата сега што гу имам заедно со другите броеви што ни се дома? Фактички овој број го бришам од оваа претплата и ставам го новиот и пак си е по старо како што е.
Нема таква опција, неможе јас сакав мој број да го задржам да го сменам од пост-пејд на при-пејд не ми дозволија морало ново бројче.
Како да си направам слика во формат 9см*9см. Во ворд документ сама да си ја испечатам во боја на принтер, не да одам по фотостудија за ова. Ама како да ја наштимам големинава во документот. И уште една стандрадна големина ми треба како тие малите да не знае некој која големина се тие?
Ако ти е некоја преплата што си ја земала кога била на промоција нема да може,односно ако ја нема сега како тековна понуда.
Видете мачки да не го јадат коренот, мора да е заштитен. А може и не и одговара местото кај што е засадена.
Што е најдобро за бришење на очила? Ама не за сонце очила. Значи ги миев, имам пробано со крпа да ги бришам, со тоалет, со обични влажни марамици, со марамици наменети за очила и па ми изгледаат ко замаглени, чаре?
Јас ги мијам со сапун и вода и после ги бришам внимателно со салфетка колку да ја соберам водата. Инаку од влажните марамчиња за очила уште повеќе ми се замаглуваат.
Има марамчиња за очила со алкохол во тинекс, мислам дека и во аптека ги има. Јас користев такви и чистат перфектно. Во мали сини кесички се, незнам како точно се викаа, одамна не ми текнало да купам.
Средство за миење садови. Не сапун. Ќе капнеш по неколку капки на стаклата и со прсти ќе ги поминеш една минута. После само ќе ги измиеш и не ги бриши со ништо. Така мокри стави ги на лице, ќе се исушат за 5 минути.