Палома марамче. Тазе извадено од паковката. Мене перфектно ми чисти. Или со средство за стакло од оние со прскање и пребришувам со некое крпче што не остава влакненца.
Имате ли порачувано онлајн од Пренди? Пишува бесплатна достава, па дали се плаќа само цената на артиклот со го порачуваш или сепак има нешто плус?
Здраво. Ме интересира дали после промена на презиме се менува само лична карта и пасош или буквално секој можен детаљ како кредитна картичка и сл. Прашањето ми е дали по промена на лична карта ви ги менуваат податоците, односно презимето на останатите документи или мора тоа сами да го правиме за секој документ. Најмногу ме интересира за сметки во банка како што спомнав и документи за работа, осигурување итн. Фала ви.
Откако ке ја смениш личната карта одиш во банка и ги менуваш картичките. Ако мислеше дали автоматски секаде ќе ти го сменат презимето, нема да ти го смемат. Мораш да одиш самата.
По издавање на нова лична карта поради промена на лични податоци имаш обврска истата да ја пријавиш во институциите. Тие немаат увид за да постапат соодветно без доказ.
Мене картичките од банка и сметките ми се со моминското презиме. Никогаш не сум имала проблем ембг го гледаат.
И јас не сум менувала картички во банка. Така си стојат, не ми прават проблем. Само лична карта и пасош сменив.
Законски мора да ги смениш сите документи, бидејќи личноста која си била претходно всушност не постои. Во банка мора да однесеш лична карта да ти сменат, пример јас менував лична карта и направија промена на податоците бидејќи бројот на лична карта повеќе не е ист.
Дали има блокирање на пораки освен повици? Или кога блокираш некој број и за двете важи? Бидејќи пред некое време ме блокира дечко ми кога се каравме и сега му праќам порака покажува дека е пратена и кредит ми зеде но незнам дали му стигнала.
За тие што биле на Острог Кажете ми што треба да однесам како дар ? За пристојно облека нема збор, но дали треба долга сукња од дома или таму има да облечам? Шамија? Дали е обавезно спиењето во конаците / двор?
Согласно законот за платен промет должна си сама да пријавиш промена во рок од три дена. Дури и да го занемариш ова ми се случило во странство кога плаќам со картичка да ми побараат пасош и автоматски би те одбиле да платиш заради разлика во податоци.