Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи прашања

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 10 декември 2011.

  1. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Ќе може ли некој накратко да ми објансе како да прикачам видео на јутуб? :angel:
     
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.558
    Допаѓања:
    251.885
    Мислам дека има слична тема, ама брзо ми треба информацијата, па мислам дека овде побрзо ќе добијам одговор. Рејн не ме бриши оти ми отидоа летовите :) .
    Значи вака, до сега неам летано со авион, сега сакам, за Венеција, има лет за 27 евра преку Wizz Air па сакам да знам дали во цената во билетот е вклучена и авионската такса, и ако не е, колку чини? Дали вкупната цена што ти излева на крај е конечна? И дали се доплаќа за багаж? Така пишува, мислам плус 20 евра. Целата постапка, ако може некој да ми ја објасни. Како изгубен германец сум :lol: .
     
  3. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Мислам дека негде на форумов некој имаше постирано слики со маички за парови, ај ако му текнува на некој која тема било нека ми даде линк
    [​IMG]
     
  4. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Ако немаш, направи си акаунт и по логирањето, покрај местото за пребарување од десната страна имаш едндо Browse, а до него Upload. Ќе стиснеш на Upload, ќе си избереш што сакаш да прикачиш, ќе внесеш податоци за видеото и тоа е тоа, ќе почекаш да се прикачи и тоа е тоа. ;)
     
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349

    Авионската такса им е вклучена во цената. Но ќе ти земаат и 8 евра за што ќе им платиш со картичка, плус 8 за чекирање на аеродром(освен ако не избереш онлајн чекирање), и уште 20 евра за едно парче багаж да си доплатиш. Ако носиш куфер тоа. Ако одиш само со рачен багаж тогаш не се доплаќа, рачниот багаж им е со стриктни димензии 55-40-20, и не треба да е потежок од 10 кила.
    Гледај на страната, имаш избор да избереш да букираш и багаж. Оти ако не ги платиш тие 20 евра за куферот при букирање, на самиот аеродром знаат безобразно и дупло да наплатат за него.

    Значи 27 плус 36 со додатките ако букираш и багаж излева 53 евра. Ни вода нема без пари да ти дадат на авион, така да земи си едно шише од дути фри, кога поминеш граничната контрола и скенерите, да не ти ја наплатат и неа 3-4 евра на авионот.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој да ми каже каде се наоѓа ФЗО во Скопје?
     
  7. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Кога пуштаме пари на трансакциона на некого доволно е само име ,презиме и бројот на трансакционата ?
    Од наши информации што треба да пишеме ?
    Колку пари земаат во пошта?

    Подетални информации околу ова ? :$
     
  8. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Пошто јас врска си немам од шекери или појма немам како се вика инсулин во крвта решив да прашам овде па ако знае некој да каже нека одговори..барав на гугл и ништо не најдов. Вака јас проверував крв и испадна дека инсулинот ми е 64,03 и докторката вика дека тоа е НЕВОЗМОЖНО. Можеби направиле некоја грешка во бројките што знам. Знам само дека над 12 веќе е опасно и се паѓа во кома. А какви симптоми имаат шекерашите? И дали е нормално ова со 60 што испадна. И нешто ми спомна за некаков си скриен шекер па ми даде упат некој тест да правам...
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Веднаш да ти кажам дека немаат врска резултатите - повеќе од јасно е кој ги работел, некоја неписмена будала :^)
    Симптоми - сушење на устата и те тера да пиеш многу вода а поготово од сабајле кога станеш од спиење, чест ладен пот и стресување на тело како што велиме народски, од шеќерот се бргу и нагло ослабнува


    Да, само име презиме адреса и број на транс. сметка. Ако пушташ од сметка на сметка тогаш мораш од банка да ги пуштиш парите на ПП30 налог-црвен а ако како физичко лице пушташ на сметка на др. лице тогаш можеш и во пошта на ПП10 налог-плав и доволна е само сметката на примачот.
    Провизија се зема во зависност од сумата што се пушта и секаде е различно. Демек пошта е најевтина ама не е :)
     
    На Teresa94 и kate-the-great им се допаѓа ова.
  10. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Подобро оди во банката во која што е извадена трансакционата бидејќи така не земаат провизија. За останатите банки или евентуално пошта се зема провизија,одиш кажуваш дека сакаш да пуштиш пари и ти даваат уплатница за поплниш,едната останува кај нив другата кај тебе.Тоа е накратко.
     
    На kate-the-great му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128

    Име, презиме, трансакциона и банката на примачот. А од твоја страна исто име, презиме, адреса на живеење и матичен број. А ако префрлаш од твоја сметка тогаш и твојата сметка и твојата банка. И внимавај на уплатниците, не се сите исти.
     
    На kate-the-great му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Дали можеби некоја феминка има број од Тасула од Ханиоти ,жена која има апартмани(зелена голема куќа со лијани) и кафич(најголемиот и најубавиот) во центарот на Ханиоти
     
  13. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Фала многу девојки ,уште нешто :* :$
    (не се љубезни во поштата кај нас а немислам да ми почне денот со нервоза уште одсабајле па затоа отупев со прашања тука )

    На уплатницата за по пошта (имам таква дома ПП10)
    во кое поле треба да го внесам мојот матичен број ?
    што треба да пишам кај цел на дознака?
    повикување на број-одобрување?
    банка на улпатувачот ?
     
  14. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    матичниот се пишува од лева страна кај што стои сметка или ембг ,а другиве работи треба да ти ги има дадено тој на кого му уплаќаш
     
    На kate-the-great му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155


    видов дека е поставено но не е одговорено. или можеби јас не гледам добро :)
     
  16. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Клиника за уво грло и нос во Скопје кај се наоѓа ? Во државна болница или ? И ако знае некој која е точната адреса . Благодарам однапред
     
  17. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве прашам, дали знаете колку е отприлика патничко осигурување за 3 месеци?

    Утре ќе одам да си земам, ама кога нешто ќе си замислам сакам веднаш да го знам одговорот. :D
     
  18. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Како да ја зголемам брзината на симнување на торент?

    И има ли стигнато плата во државните претпријатија?
     
  19. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    На универзитетите -да.
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Не. Нема во сите изгледа. Ете само во Универзитетите.
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.