Зависи што ќе прегледуваш, ама ако прашуваш за лице - обичен преглед на лице беше 1100 денари. Не знам дали цената е сменета сега.
Не е веќе форумов,ништо тоа што беше.Само караници,и напнати ликови. Штета а баш би сакал,мојот профил да има можност да се избрише. Фала на комплиментот
Малку оф-топик форумот има добри и лоши страни, во моментот поистакнети се лошите страни. Колку што се сеќавам ти имаше напишано дека тука си запознал драга личност (моја претпоставка нејзе и посветуваше мислења во темата што би и кажале), па затоа подразмисли за одлуката. Сигурно тука ќе запознаеш и други личности кои можеби ќе имаат значење во твојот живот.
Sakam da se zapisam na stomatoloski fakultet za stomatolog ako moze nekoj da mi objasni da mi kaze kako i sto treba,kolku godini trae,kolku se plakja na privatno,kolku e tesko za ucenje?
Во април донирав крв во школото. Ми беше втор пат што донирав но на картончето што го дават нели пишува дата кога сум донирала, кога им го дадов картончето ми рекоа да го чувам дека ќе ми дадат друго. Поминаа две недели и го прашав класниот дали ми стигна картончето но тогаш ми кажа дела требало на картончето што ми го дадоа првиот пат кога донирав да ми напишат дата. Сега на картончето имам само една дата како еднаш да имам донирано крв. Каде да се обратам за ова?
Темата ,,Прашања за форумот" е заклучена па ќе прашам тука. Која е разликата помеѓу истакнат и популарен член на форумов?
Се се евидентира компјутерски, така да сите податоци ги имаат во општинскиот центар на Црвен Крст во општината каде што е училиштето, и таму можат да ти ги внесат податоците во картончето.
Како да симнам Спотифај на ios?На претходниот телефон(андроид) без проблем симнав со бесплатен ВПН а на ова ниедно не работи.
Ај помош. Си порачав патики ванс, е сега со бројот се водев спрема конверс што ги имав и денес кога ми стасаа ги пробав премногу ми се кнап, тесни. Дали имаат шанси некако да се олабават, рашират? Вака изгледаат