Бројот за закажување за пасош и лична карта? На интернет го најдов оној од фиксен само што се ѕвони, ми треба мобилниот. Фала однапред
ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 192 92 (само од фиксен телефон) ЕЛЕКТРОНСКО ЗАКАЖУВАЊЕ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ http://termin.mvr.gov.mk/ оти електронски не си закажеш?
Може прашањево не е за тука не сум сретнала нешто тема за прашањево ако е потребно или ако има нека се премести каде што треба. Девојки кога почнавте да вежбате во теретана некоја посебна храна јадевте или нема врска тоа? Да напоменам не јадам мрсно и не јадам месо ,ако има некоја феминка што вежба може да ми пише и лп со некој совет Фала
Одбегнувај леб,газирано,чипсови,чоколади,шеќери,грицки,едноставно конзумирај повеќе,зеленчук,овошје.Иди реденовно во теретана,гледај да не пропуштат тренинзи,така ке ја зголемиш физичката активност.
Чоколадо ич не јадам дали во месецот една коцка и тоа ретко,газирано не сакам,пијам онаа газирана добра вода со вкусови што е За зеленчук да не правиме муабет ,мајкмами секој ден ми вика добро бе дете од зеленчук ли ќе живеш... Знам дека јадат ориз,пилешко броклула ,али мислев и на некои др јадења
Од месо ретко кога како пилешко и повеќе риба. Од др месо не сакам да видам гнасно ми е . Знам и јајца дека требало да се јаде ,по природа сум витка пешачам секој ден по 4км али ете неможеме да бидеме совршени малце стомаче пуштено и нозе малце распуштени хахахаха па и од препорака на доктор ке морам да посетам теретана или др физичка активност па викам ајде да прашам за јадење што како . Мислам дека и суплементи некои треба да се зимат или нема врска? Изини те истормозив и фала ти многу
знае ли некој колку време треба да легнат пари на сметка уплатени во пошта (петок 15.30 ч)? и дали може во пошта да се провери за уплатата?