Дали некој може да ми каже на кој начин фукнционира Веро картичката за поени? Знам дека сп 1000 поени ти минусираат 100 ден од сметката, ама како се собираат поените, колку потрошени денари е еден поен?
Значи имам кафена коса ни темна ни светла, измеѓу. Ставив скрос светла, бела фарба за едно праменче да видам дали ќе фати и ништо да ми препорача некој КАКО да си извадам прамења нешто како омбре дома? Мајка ѓи знае да ми прави еднаш црвена бев така ама сеа за посветли кафени или плави?
Можно е. Ако не те пријават никој нема ни да знае дека работиш и студираш. @MoonHighlight8 Јас и мнооогу други колешки/ другарки работат уназад неколку лета а некои и преку цела година, само работата ти е ограничена... Не сме имале проблеми. На едната работа сум пријавена на 4 часа, на другата воопшто не сум.
Дали некој е запознаен во врска со изнајмување стан под кирија? Сакам да изнајмам една гарсоњера, но врска немам како одат тие работи. Сега се слушнав со луѓето, утре треба да се сретнеме, но на телефон ми спомнаа нешто депозит, за киријата ќе си плаќам од месец за месец, но да не треба нешто плус да се плаќа бидејки во моментов имам пари само за киријата..
Кај може да се најде вкусно гиро во Скопје? Порано гирадико имаше сега се продава ли гиро? Тоа у сити мол не се важи не е убаво...
Напротив, може и само со лична карта (под услов да е важечка) бидејќи иако Бугарија не е членка на шенген-зона сепак е членка на ЕУ како и Грција. https://europa.eu/youreurope/citizens/travel/entry-exit/eu-citizen/index_bg.htm Но доколку влезот во Грција се случува од македонска територија тогаш на македонска страна ако си државјанин на РМ покажуваш македонски пасош, а на грчката страна бугарската лична карта или пасош. Исклучок е доколку претходно веќе сте влегле на територија на РМ со бугарска л.к. од Бугарија па ви продолжува патот кон Грција.
Добро вечер, пред еден месец не' ограбија, среќа па на камера ги има, но од полиција абер немаат, убаво се гледаат кој се и како крадат, но полицијата не сака ништо да превземе, имаат доста вредни работи украдено, не знам што да направам, моите не се замараат многу, како остај полиција ќе среди, на тацна дадени што се вика еден месец помина, замислете да ги немаше на камера, се мислев едно време на фб да ги објавам да каже некој ако ги знае, ама па од друга страна може проб ќе направам, имате ли вие идеа?!
Девојки ми треба итно информации за една агенција ако знае некоја нека ми пише. Треба да уплатам сега одмор на агенција Ариес од Битола, бидејќи јас сум од Ск ќе ми пратат сметка да им уплатам и кога ќе им поднесам дека сум уплатила доказ ми праќаат ваучери. Кажете ми патувал некој преку агенцијава?
Дечки јас имам сертификат за англиски јазик А2 ниво. Иначе иден психолог сум,а планирам да имам сертификати и од други јазци(шпански,турски,а можеби и шведски дај Боже). Е сега прашањето следи,во кои институции во Македонија,ете конкретно во Битола примаат со ваков сертификат?
Дечки знае ли некој зошто на картичка моментална состојба имам пари,а расположливи средства немам? Инаку имам дебитна картичка на тутунска,не сум вработена и нр должам ништо.Притоа пишува дека парите не се одземени.Само стојат во моментална состојба ама не и во расположчиви средства и не можам да ги подигнам.
А2 е прилично ниско ниво за да можеш течно да говориш.. интернационален ти е сертификатот? Сега само такви прифаќаат А во резервирани средства не ти стојат?