Дали треба да се чуваат кесичките од наградната игра на Гранд кафе? Кодовите ги пратив и не знам што да им правам на кесичките.
@Monika 38 Bellucci Зш вака ми правиш 3 дена? Ми го клаваш па ми го вадиш па пак ми го клаваш Решето ме напрај
На goodreads акаунтот се најавував со фејсбук. Во меѓувреме го деактивирав фејсбукот, и сега како да се најавам на goodreads? Со мејл од фејс и пасворд, треба да активирам фејс и да ги одделам? Ќе барам и јас сега за како, ако некој има директно искуство или знае, би била многу благодарна.
Бидејки и јас и маж ми сме невработени и со бебе сакам да се пријавам за социјален случај и да добиваме помош. Каде да се обратам( претпоставувам социјално или општина)?! И кои документи ми се потребни?
Каде да купам не многу скапа навлака со патент за фустан? ( не знам како точно се вика, па ќе прикачам слика ). Во Џамбо/ Базаро има? Фала
Каде можам да порачам реп за коса до кај 1000 денари? Имало во некои бижутерии во ГТЦ,ама дали испраќаат низ градови... Не да е природен за таа цена,ама да не е и некој многу лош квалитет,како коса на барбика.
Женскиииии сакам да ве прашам дали знаете каде има фитнес - теретана само за женскиии ??? Во скопјее ? Ви благодарам многууу
Дали и каде постои боја или спреј за бојадисување на чанта? Материјалот е некоја чудна кожа, конкретно и јас не знам шо материјал е.
Немој да купиш спреј иди во чаршија само распрашај се веднаш ке ти кажаат кај се наоѓа дукјанот за бојадисување.....