И мене вака ме зезаше едно време...Пробај да го рестартираш компјутерот, друго чаре нема ако веќе ти е инсталиран потребниот plug-in. Или исклучи,па нека ти се јави повторно тој што сакаш да раговараш со него.
Луѓе, ми треба некој добар кондураџија, ама што работи саглам. Предлози? Јас пред некое време сакав да продадам телефон, т.е Sony Ericsson W510 така мислам дека беше, и отидов во неколку мобилари ама сите ми рекоа дека ретко кој откупува телефони веќе, а и тие што откупувале тешко дека ќе ми го откупеле пошто бил стар моделот. Јеа,рајт! Единствено, огласи го на нет...
Во белите високи згради накај Влае, нели има како мини трговски со секакви продавници, сендвичари и такви глупости... Има и ВИП, таму откупуваат Јас им шитнав прилично старо телефонче за солидна сума. Многу фин дечко, преговара за цената во твоја корист
Кликни Цитирај на мислењето во истата тема во која е поставено, па цитатот копирајго, оди во смешни мислења и постирајго во нов одговор. Едит: Јас да прашам: Нели за во чет да влезеш потребни се 50 мислења, а јас баш сега пред малце влегов на чет и имаше членка која има само 33 мислења? Сменети се правилата или...?
Не, не било тоа. Можело само како присутни да ги пиши на чет, а не можеле да читаат и да пишат. Тоа ме збунуваше.
Не, не, нема врска што ги пишува од страна, не можат да читаат, им пишува дека мора да направат 50 мислења за да влезат.
^^ Можеби има 100 мислења во кафе-муабети кај што не се бројат Туку и јас имам прашање за кумановките, утре одам во Куманово па нај веројатно ќе се задржам кратко зашто треба да се вратиме поради други обврски, па ме интересира кај е најдобро човек да седне на кафе, на пиво и сл. и кое е помеѓу подобрите места за јадење скара?
* хендикеп натпревари (организаторот дава предност од еден или повеќе голови на одредена екипа, а учесникот погодува тип 1, Х или 2), * азиски (0.00) хендикеп (се игра тип 1 или 2 и се чека исходот на натпреварот. Доколку натпреварот заврши нерешено, уплатените пари се враќаат) тука прочитај повеќе за правилата со обложување
Барав во темите за деца нешто слично,но бидејќи не најдов ќе прашам овде. Незнам дали се сеќавате,постарите генерации,имаше една книга Бушава Азбука,со помош на која јас многу мала ги научив буквите.Сега сакам да купам за внука ми,ама незнам дали воопшто постои оваа книга во продажба сеуште?Или нешто слично на неа?