дечки дали некој знае каде можам да однесам обичен филџан (оние за чај,знаете) и да ми напишат нешто на него ?
Итно ми е ве молам не ми го преместувајте прашањево . Едитував една слика, и откако ја сејвнaв се што остана на десктоп од сликата беше бела површина. Значи ја нема сликата , а ко за беља не направив копија од нејзе. Постои некој начин да ја вратам ?
Со што се чисти кожа? Имам столче и ташна. Црни се ама не сакам да ги офарба некако. Барав во веро ама имаше само како фарба за нив. А,јас сакам нешто да ги освежи само.
Ги има ли некој користено Мерц дражеите? Што состојки имаат? Што негативно/позитивно предизвикуваат? Мене ноктите ми се преслаби, крвната слика ми е супер,ама пак очигледно уште нешто плус ми фали. Колку време треба да се употребуваат за да има резултат? Колку пари се?
Околу 420 ден се зависи од аптека до аптека. Супер се за раст на коса и нокти, ги имаат сите витамини и минерали кои се потребни дневни дози за организмот, навистина покажуваат видливи ефекти после пола испиена доза од шишенцето, тоа ти е + а - што отвораат апетит
Сакам да прашам,кога пишувам мислење не ми дава да ставам повеќе од 5 слики,а гледам многу на форумот имаат по 20 во мислење.Нешто до мене е или
Не можеш да прикачиш повеќе од 5 слики од компјутер. А од интернет можеш колку сакаш, само треба да го копираш URL-то на сликата, да кликнеш на ова Img и да го пастираш помеѓу заградите.
Мислам дека овде најсоодветно да прашам.Се има ли возено некој со автобусите на Симекс Ексклузив?Понови ли се,имаат ли клима?
Прашање за сите оние кои го користат gmail. Вака,испратив погрешка меил, во адресата имало и една голема буква и јас ја напишав мала. Потоа го препратив меилот со правилно напишана и вклопена голема буква, но сега кога проверив, меилот ми го дава ист. И ја прашав сестра ми, таа ми кажа демек и на неа сите оние меилови кои ги имала а кои содржеле голема буква, gmailot и ги давал со мала. Сега сум во недоумица, знам дека напишав голема буква, а не сакам маилот по сто пати да го праќам, за сериозна работа ми е. Има ли некоја информација дали е ова вака .. ? Фала ви однапред.
Во емаил адресите постојат само мали букви... истото важи и за сите веб страни, цел интернет функционира со мали букви
Тоа значи дека gmail ги препознава само со мали букви и потоа ги дава истите така, без разлика дали содржеле некоја голема буква или не постои опција да имаш голема буква во меилот? Овоа второто ми е малку сомнително, што знам .. Епа како тогаш во меилот има голема буква.. ? Мене ова ништо не ми е јасно.