Сори Сепак, може и тебе ќе ти биде корисна информацијата @didisi касно гледам дека си пишала. Се надевам се снајде..Ако не кажи ќе ти објаснам. Иначе е истиот од Аеродром да
Дечки, каде може во Скопје да се купи статуетката на Големата Мајка Божица? Спојлер: Види фотос Тенкју
Девојки, имав полемика со другарка на тема: од колку алкохол можеш да се испијаниш. Јас и реков отприлика 6 жестоки, кое е вашето мислење?
Кај секој е разчично, јас пример ретко многу ретко да се напиам нешто па и од едно пиво почнува да ми се врти што се вика. Се е индивидуално.
Сите различно реагираат.Некој поднесува и 4-5 чаши.Некој воопшто не поднесува алкохол,му се врти,му се лоши и од една чаша. Еве,јас не пијам алкохол воопшто.Не можам ни мирисот да го поднесам. Мајка ми не може ни една чаша вино да допие.Ја фаќа. Други мои блиски ги фаќа по третата или четвртата чаша. Најважно е дека алкохолот е лошо нешто.Најдобро е да се избегнува.
Нема во сувенирниците. Барав пред 2 месеци специјално и ја немаа. Јас ја купив од првата "трафика" скроз на почеток на Чаршија. Отспротива има некое дуќанче со черги и такви работи. Се надевам ме разбра.
Зависи колку си јаден колку си одморен. Индивидуално е. Ако пак ве интересира колку може да испиете кога возите, една чаша ракија или едно шише пиво од 0.33. Со оваа доза ќе поминете неказнето
Осигурана си на твое име или на родителите? Ако си уште преку родителите, тогаш со потврда за редовен ученик/ студент, фзо мислам сами си регулираат тоа. Ако си вработена и пријавена и ако не ви доцнат со плати и редовно ви плаќаат придонеси, сигурно ти е регулирано тоа. https://moeosiguruvanje.fzo.org.mk На линков најави се со податоците од картичката, пишува и датум до кога ти е регулирано.
Во мојата златна ера на излегување кога си бев млада и со добра кондиција за пиење можев доста да испијам без да се начукам. Сега, од 2 јегера веќе се осеќам потфатена. Така да, на секој различно му “држи газот”
Најдобро решение за да ја надминете полемиката е да си организирате седенка со алкохол и да тестирате на вас. Во тој случај, ќе знаете која може повеќе да испие Праксата ја руши теоријата...