Имам многу лежерен стил..фармерки и маичка. Стандард.. Ама за интервјуво се мислам црни пантолони со некоја кошула, сако и оксфордки. Океј е ? Ќе умрам од жештина.. па уште во 12 саат..
дали некој знае дали образованието факултетско во австрија на германски јазик е бесплатно мислам за тие од еу секако е, ама за нас? исто и за германија ме интересира
Јас од Кам ги земав за 250 ден. После само си купував освежувач и го додавав. На батерии и ептен се практични.
Задолжително е да се носи стариот пасош за да го поништат. П.С. Зборот морално има сосема друго значење.
Предлог подарок некоја ситница во знак на благодарност, за колешка што ми позајми книги, и онака ми помага со доста информации за факултетот. Не ја познавам баш најдобро што сака, што не сака. Викав книга, ама не знам што чита, па изборот ми се сведе на некој тефтер и маркери и чоколада, или филџан и чоколада. Плус некоја идеја е добредојдена.
Значи ќе ме вратат,јас го оставив дома во брзање искочив. Инаку грешка во брзање,благодарам на забелешка.
Да, мора да го носиш стариот пасош, го поништуваат со две дупчиња, некогаш го земаат, некогаш ти го даваат назад. Ова не важи само за пасош, туку и за лична карта и за возачка.
За во Германија исто како да е бесплатно. Мислам дека беше околу 200 евра семестар, а со тоа ти даваат семесар тикет за јавниот сообраќај со кој можеш да се возиш каде сакаш и тоа не само во градот во кој студираш туку и во цела околина/покраина, во зависност од местото во кое студираш. Инаку една месечна карта ти е од 70 евра па нагоре, зависи за кој круг ти треба. Трошоците ќе ти бидат големи за сместувања и храна, а трошоците за студирање ќе ти бидат најмал проблем. Во Германија најчесто ти е потребен ДСХ 2 испит за да можеш како странец да студираш на уни на германски јазик.