Имате ли продавано злато?сакам да продадам нешто а не знам која цена се движи,за да не ме испокрадат. Штипјанки кај имате златара бе?
Здраво женски Ми треба вашата помош.Матурантка бев оваа година и се запишав на факултет во Београд па ме интересира дали има некоја меѓу вас што ќе студира или веќе студира таму . Планирав прво да одам во студентски дом , но најверојатно неможело, па ќе мора во стан .Значи веќе сум примена на факултетот и итно барам 1 или 2 цимерки.Сите заинтересирани феминки нека ми пишат ЛП за подетални информации. Поздрав
Јас мислам дека 95% не треба да имаш проблеми, посебно ако станува збор за престој до август најкасно, а вакви правила со рок на пасош ми се познати за Америка, при оние аплицирања за работа во лето. Тука треба да ти е запазен некој рок на валидност на пасошот, ама за Грција неверувам. Сепак, сврти еден телефон до агенцијата преку која ќе одиш и прашај ги, или ако одиш сопствена режија прашај во МВР, на информации.
За косата фризерката ми препорача пантенол. Дали се продава негде поголема количина, раствор пантенол за коса? Гледав има само малечки ампули по продавници. Негде да не има поголемо пакување,а ?
Hекој сувенир од таму или нешто што секако би ги израдувало, може сакаат книги да читаат, парче облека од по некое евро на пример, или парче накит (бижутерија). Mа да верувам дека било што им донесеш од таму - ќе бидат среќни.
Некој суверир кој го симболизира градот каде што си, така тоа ќе ги потсетува дека им е од тебе и од каде е донесено.
Драги феминки уметнички!Ако некоја од вас студира на ликовна академија или знае да црта ми требаат две карикатури во боја и еден портрет на двајца,би сакала да ми напишете цена во ЛП и контакт нормално. Ви благодарам
Ми стигна во сандаче ваучер од travel group, демек сме добиле патување по случаен избор. Ама можат да го искориста брачни парови на возраст од 27-65 г. Прашањето ми е дали и вам ви има нешто вакво стигнато? Мене ова ми е чиста глупост...
Кај нас стигна, што е најтрагично стигна на името на баба ми која е почината пред пет години. Исто и кај другарка ми стигнало на име на дедо и кој е починат. Глупости се.
Има некој што ги има користено апчињата Диане? Дали многу се здебелува? Неќам да бидам прасе и онака сум си прасенце малку хаха
Дали некој знае каде точно во државна болница се закажува за магнетна резонанца?Да не лутам.И колку време се чека за снимање?