Супер поблиску ми е .. Фала многу Незнам дали ќе можеш да ме разбереш ќе се обидам да објаснам убаво. Ми имат зборено дека имало продавничка со убави чевли и убава роба улицата е кога се движиш од плоштад накај поранешно мц (центар бар) Улицата каде што е хотел солун и туристичкиве агенции да не знае некој како се вика
Biana? Таму има убави чевли, јас често купувам таму и сум многу задоволна. Е сега има Biana shoes и Biana Trade бидејќи се поделија, не знам која беше оваа.
ми ја имат кажано но името некако тешко е за памтење па мислев некој од тука ако знае ,али ќе видам ако не утре ќе побарам. Фала мн
Може. Преку апликација на ВИП или преку веб страната. Мислам и телеком имаше нешто такво Од српски број секако дека не. Ама има опции со картичка да се дополни или пак ако има МК постпејд број, од неговиот
Таму нема Пеко освен сега ако не отвориле. Тоа е некаде кај Пет агенцијата и тие продавничките за украси. Или карши бургер кинг ..тука околу.. Пеко има на улица Македонија. Ќе поминам утре од таму, ако не ти е зорт ќе ти кажам @orevka
Jас сум во грешка, мислев прашува за продавничката на Бебел кај Бикот на улица Македонија, нели тука има и Пеко. Се извинувам Мое недоразбирање
Не не уживај и така утре треба да одам накај центар ќе видам како се викаше и баш точно локација сепак фала ти
Абе ако на пример мене ми врти некој број секој ден по 10 пати и ме вознемирува, јас ќе го пријавам во полиција и откако ќе го пријавам што се случува со бројот? Дали корисникот добива опомена некоја или што???
Не не верувам дека ќе се случи нешто. За да се случи нешто тоа е огромна постапка. Блокирај го преку телефон сама.
Јас имав таков случај. Манијак од Тетово вртел на непознат број додека начекал женско. Потоа дење, ноќе ме вознемируваше. Вака: Јас пријавив во полиција со изјава. После два, три дена ми пратија слика на вибер од манијакот. Прв пат го видов човекот. По блиски пријатели прашував дали некој го препознава но никој не го знаеше. Ми рекоа му се јавиле и малку го стресиле. Повеќе не ме побара. Тие не ми го открија неговиот идентитет но со врски дознав само дека е од Тетово и толку ми беше доволно. Не ни сакам да знам кој е. Ама една недела ми беше кошмар.
Јас се потресував бидејќи се и сешто ми зборуваше. Срамни работи. Ме фати страв. Лесно е да го блокираш но ако работата е сериозна може пред врата да го видиш. Јас се секирав и за моите деца не знаев дека е обичен забеганик. Е сега повторно ќе речам зависи од ситуацијата. Друго е средношколски игри дуго е возрасни кога се во прашање.
Затоа што после сите што те знаам треба да ти го сменат бројот во именик..инаку нема да можат да те добијат И зошто? Поради некој манијак.. Пријави го и нека се соочи со последиците. Идиот
Подобро пријави го наместо да менуваш број. Тој сигурно вознемирува и други, па вака ќе му дојде паметот можеби.
Го поставив прашањето и во друга тема "Шопинг во Бугарија" Ама не добив одговор а вистина ми е итно...Маж ми сака да сме идеме во Велинград сега за празников.Меѓутоа мене не ми се иде ако нема да шетање Банско кога не е сезона ми е тапа.Кажете ми дали има за шетање? Мислам на продавници бутици.....Дали има повеќе продавници од Сандански или??
Имаш апликација call recorder симни ја ако врти уште разговорите ќе се снимаат, оди во полиција пријави ќе го земат бројот и ќе дознаат кој е и најпрво го опоменуваат/заплашуваат, ако престане океј е а ако повторно пријавиш тогаш тој на разговор ќе биде повикан па тогаш нека му се пази. Инаку и без сниман разговор можеш да отидеш да пријавиш ама и листа на повици можеш да извадиш од телеком/вип зависи на што ти е бројот и со листата да одиш во станица да им покажеш кога вртел итн. Ти немаш никакви последици ако пријавиш, само ќе ти земат контакт и име и презиме.