Имам контакти што патуваат секаде, пиши ми лп што ти треба од Загреб, ако не ти е хитно за 10 дена ти е во МК. Поздрав
Денес ми искочи нешто како мозолче/херпес нешто измеѓу, над устата, што да му ставам кантарионово масло или да го исушам со бебешка пудра?
Ако си заборавиш пин на трансакциска картичка , која е постапката за менување на пинот? Конкретно картичка од нлб.
Прашај во некој конкретен хотел, мада мислам дека ако сакаш без ноќевање соба не ти следува. Си плаќаш дневна карта за спа, ручек ала карт и останато што ќе користиш во хотелот.
Имам телеком тарифа од оние старине, 279 ден/месечно. Ми стигна писмо дека ќе ја укинеле и ако не одберам, по автоматизам ќе ме стават на друга тарифа. Смеат ли така да ми променат тарифа? Сакам да го задржам бројот, може од постпејд на припејд да се префрлам? Или препорачајте најдобра тарифа во моментов, сеедно на кој оператор.
Јас си го заборавив пинот од картичката од Уни банка и поднесов барање во банката и платив 180 денари и преку пошта ми стигна писмо после неколку дена со пинот ... За нлб банка не знам дали е истава процедура ...
Штом сакаш да го задржиш бројот нема можност со истиот да преминеш во припејд. Не знам колку е дозволено по автоматизам да те префрлат на друг тарифен модел, но се е можно. Затоа, не оставај на нив, избери си тарифен модел и обрати се во некој од салоните за нов договор. Разгледај подолу https://www.telekom.mk/smart.nspx https://www.telekom.mk/tarifni-modeli-121011.nspx Спојлер: . Јас го користам Смарт С долго време и задоволна сум.
Ми дадоа предлог да ги пријавам во Агенција за електронски телекомуникации па баш ќе се јавам и таму да прашам, инат ме фати
Јас мислам дека не смеат да те префрлаат на друг тарифен модел. Или треба да е со исти или поповолни услови од постоечкиот. Прашај во АЕК. Бројот можеш каде сакаш да го префрлаш.
Телеком се зафркнати целосно. Но тие плаќаат скапи адвокати и ова во што се впуштаат е сосем во ред и правно издржано. Договорите се 2 години. После тоа истекува важноста. Доколку постои истата тарифа автоматски те префрлаат на неа. А доколку не постои таква те префрлаат на редовна односно обична тарифа се додека ти не избереш нова. Е дега зависи колку си спремен да издвоиш за плаќање.
Од АЕК не очекувај голема помош за ова.Повеќе реагираат само ако ептен операторот има утнато,ако наплаќа повисоки сметки од тоа што треба,а и за во тој случај би ти требале врски. Штом старата тарифа ќе биде укината,имаат право да те префрлат на друга,ама имаш и опција да одбереш сама.Ако сакаш да останеш корисничка на Телеком,подобро ќе биде сама да си одбереш. Не е можно префрлање од постпејд во припејд,можно е само од припејд во постпејд.
Сигурна ли си за не-префрлањево на бројчињата? Каква врска има постпејд-припејд? Што се однесува до тарифиве мислам дека не смеат да те префрлаат од една во друга тарифа, ама... бидејќи ние како народ ретко се буниме и најчесто си ќутиме, на операториве им успева да протуркаат криминални договори и криминални дејствија. Ретко кој приговори пишува, а не да се жали до АЕК. Иако и тие не се којзнае од каква помош, ама ако се запне може да се истера правдата. Баш ме интересира како ќе се заврши ова и каков е законот?
Мене никогаш не ме префрлиле така. Мојата тарифа не постои веќе и не сакав да го продолжам договорот на нова затоа што не ми се допаѓаше ни една, и еве, веќе скоро година си користам на стара претплата, месец за месец. @LollySky значи и јас да чекам писмо наскоро. Ќе биде интересно, со мене нема лесно да поминат.
Мој близок беше во иста ситуација.Кога праша во АЕК му рекоа дека не постои проблем штом на време операторот го известил дека ја укинува старата тарифа и му понудил опции да бира.Се зависи од договорот. Друг мој близок се распрашуваше за префрлање,му рекоа дека е можно само од припејд во постпејд. Вработена во Телеком му имаше кажано на татко ми дека некои тарифи не ги укинуваат одеднаш,туку постепено. Му напоменала и дека е битно да се продолжи договорот оти без тоа можат да лупаат повисоки цени.