Неќам да сменам затоа што немаат тарифа што за тие пари ми го нуди тоа што го имам со оваа. Не планирам на поскапа да преминувам. Значи може само да се сликаат или да ми обезбедат удобен прелаз што ќе ми одговара финансиски и технички. До сега не сум имала никакви проблеми со Телеком. Ќе видиме што ќе се случи сега.
Зезаат и тоа многу.Пријател на татко ми велеше а,бе,кога се двајца главни,можат да си играат играчки со народот и да дигаат цени до плафон колку сакаат.АЕК не се ни труди да реагира.Еднаш одговорија дека они можат само да реагираат ако операторот направил промени без да го извести корисникот.Ама и тогаш не се од помош.Јаки врски се потребни.
Договорот ми е истечен уште пред пет-шест години сигурно, не го обновив бидејќи не ми требаше телефон, а за финтава да го продолжам не сум знаела. Ме фати револт навистина, петнаесет години сум им лојална и немав намера да ги менувам, ама ќе се префрлам на Lycamobile или VIP. Може и на Телекабел ако конечно стартуваат @DAngel , дај идеја за искажување револт
На вип и да ти е истечен договорот ,не те префрлат во друга тарифа туку си од месец за месец. Мене сеа ми нудат поголема тарифа ,а опција за некој ок телефон нема туку се безвезе па така планирам да си останам на старава тарифа и да не мењам договор. Дм веќе две години го нема продолжено договорот и од вип не му ја мењат тарифата сами ,само ако он сака да ја смени. За телекабел имам слушанот дека мрежата ќе ја зима под кирија од овие оператори вип или телеком.
Нема да се усреќиш ниту на Вип. Мрежата им е катастрофа, овие барем во тој дел се ок. Мислам дека ова што го прават е незаконски и пробуваат кај може да го протнат. Жално е што е вака, а АЕК би требало да не штити, ама нив баш им е гајле. Треба изгледа дирекно таму да се оди за да се истера правдата до крај. Јас не знам кој го дозволи ова криминално спојување на ВИП и Оне, сега си прават што сакаат. А не се надевам многу на Телекабел. Според искуството што сум го имала со нив, катастрофа услуги.
@LollySky прво ќе се јавиш на 122, па ќе им дадеш до знаење дека не ти одговара и немаат право, дека ќе се буниш во АЕК. Па после ќе им идеш во продавница и со истиот став, ама само смирено, ќе им побараш услови кои ти одговараат. Мислам дека не смеат да ти менуваат тарифа. Т.е. прашав и некој што се разбира, вика не смеат. Ако ти истече си остануваш во старата и да не постои. Ќе пишеш писма до кај што стигнеш, и јавно на социјални мрежи ќе им пишеш. Само смиреност и упорност. Без кавги со никого ама онака, досадна да бидеш. Јас никогаш не пропуштам кога знам дека сум во право, за ништо.
На телеком сум сигурно 15 години со претплата. Никогаш не ме префрлиле на друга тарифа зашто старата се укинала, секогаш било на мое барање ради други поволности, небитно. Исто никогаш не ме украле ниту наплатиле повеќе. Се користиме од нив, 3 мобилни, фиксен, тв и нет. Значи не ви зборувам напамет. Треба само кога склучуваш договор да прочиташ што потпишуваш и јасно да прашаш што имаш во претплатата. А за девојчево не знам што е спорно. Ја опоменале навреме и и нудат алтернативи. Што ќе пријави во АЕК? Не туку скокајте одма со тоа пријави глупости, ич нема основ за пријава. Ако неа не и одговара ниедна опција е нејзин проблем.
Mi se pojavi deka sum dobitnik neshto na nagrada na google chrome dali e vistina ova ili neshto virusi?
Спорно е што најевтината претплата која може да ја земр моментално е 3 пати повеќе од тоа што таа го плаќа сега. Јас сум на пример на претплата кај што разговор кон сите мрежи ми е бесплатен и имам 3gb интернет по што се намалува брзината за 650 денари. Ако решат да ме местат ќе треба да плаќам или 1000 претплата за 10gb интернет, што реално не вреди, или ќе ме преместат на претплата од 600 денари со 600mb интернет. Во тој случај јас сум оштетена затоа што не би имала избор еднаков на тоа што го имам во моментот, ниту пак подобар. Ќе биде дека или ќе плаќам повеќе или ќе добивам помалку, и нормално дека би се бунела, па ако треба и во АЕК.
Да не знаете како се вика штандот во Сити мол каде што продаваат дрвени наочари и саати? Или инстаграм/ фб да споделите? Веднаш е карши Jysk, до ескалаторите кои водат на втор кат кај рестораните. Фала
Нека оди во Вип или на припејд. Кога склучуваме договор тие не ни велат дека тарифата ќе е вечно таква по таа цена. И пак ќе речам, опоменета е навреме. Во АЕК се пријавува ако те сменат без да те опоменат и сл, а ова е тотално без основ. Тие имаат право да ги менуваат и укинуваат тарифите и тоа стои во договорот. Операторот не е виновен за нашата финансиска состојба.
Стои во договорот? Од 2000-та сум претплатник на Телеком. Никогаш не ми смениле тарифа сами. Те молам покажи ми каде во договорот пишува дека можат да ја сменат тарифата?
Така де. Баш како лојални муштерии треба и бонуси да добиваме, а не треба да трпиме се што ни се сервира.
Во секоја понормална држава од нашава, не само мобилните оператори туку скоро секоја фирма дава подарок за лојални клиенти. Само што кај нема таков тренд и сме уназадени. Ништо не го кошта да те почасти една футрола за телефонот. Така и ќе си створи и повеќе муштерии.
Дечко ми за секоја ситница што му утнат добива поени, телефон за џабе си зема, тука со години ќе им оставаш и ништо. Патем: Член 11: Права на Претплатникот Претплатникот има право: • да добива непречена, ефикасна и редовна јавна комуникациска услуга; •да ги користи сите комуникациски услуги што ги обезбедува Операторот согласно избраниот тарифен модел и соодветните Анекси/Прилози кон овој Договор, што можат да бидат користени на неговата терминална опрема; Согласно со избраниот тарифен модел значи ако планираат да ми дадат исто или повеќе за таа цена - може, ама да ме оштетуваат - никако.
Ништо не правиш со членовите. Секоја власт која и да дојде, ги штити. Нормално, има и таа корист од нив.
@LollySky ти пишува Smart 499 не е дел од комерцијалното портфолио и е специјална понуда за Вас. Јас би играла на таа карта, штом е специјална за мене значи може да се пазариме. Би им рекла: Слушајте сега, мене таа понуда: 1. Не ми одговара 2. На вашата веб страна имате понуда која за само 100 денари повеќе има неограничени и разговори и СМС кон сите мрежи, плус двојно повеќе интернет Јас со оваа понуда не се чувствувам привилегирана, ниту задоволна напротив се чувствувам оштетена и сметам дека ваквата понуда не е пропорционална со понудите кои ги нудите за случување нови договори.