Со кој бус да одам за да стигнам до рамстор? И дали би можела да го чекам на постојките на бит пазар?
Каде што има штандови на ЈСП, на автобуската станица има трафика каде што стојат автобусите, во Автокоманда кај ЈСП на главната улица, на постојката кај Шумарски факултет. Вака не ми текнува за други места, каде си ти?
Веројатно си завршила веќе работа, ама за друг пат да знаеш дека можеш да платиш автобус и преку телефон. Мислам дека е 10-15 ден поскапо, ама е добра опција за луѓе што ретко се возат со автобус. На линкот подолу ја има постапката. https://www.faktor.mk/pretplatnicite-na-vip-so-mobilen-moze-da-platat-bilet-vo-jsp
Женски пак јас Бројче на автобус што поминува покрај зоолошката градина и рок кафана рустикана? Таму некаде ми се наоѓа ординацијата ама прво да стигнам дотаму па ќе се снајдам..Немам идено натаму ниту еднаш па ко изгубен германец сум А да, и да врви на некоја од постојките на бит пазар, или евентуално на рекорд..
Ние имаме од Jysk го зедовме на попуст од 42.000 намален на 19.000 во Јануари беше намалувањето. Следи имаат секој месец намалување на одредени производи, нас супер ни е погоден. Wellpur Silver 90 мислам дека е моделот.
Осмица. Застанува на Битпазар, не знам точно на која постојка, ама мислам дека беше на онаа пред ДМ. И поминува по цела Илинденска.