Кога влагаш од тесното патче од пред Стружанка нели идеш по патчето и има паркинг па вртиш десно по уличката и идеш право одма од десно има продавниче како гаража што продава човек папучи и слично и одма карши него влагаш во пазарот идеш се право не вртиш никаде низ тезгите само право идеш, одма карши тој што има мобилара и маски за телефон надвор пред продавничката, на тезга тамо се продава се и батерии и сијалички и и изложени се влошки за патики, силиконски влошки малечки за во салонки. (мислам дека добро објаснив)
Каде кожам да најдам чанта голема како тие за на факултет што ги носат, некој фб страна кажете ми со океј цени
Дали некој знае каде има вештачки гранчиња памук во Скопје? Во џамбо се прелоши и пластично делуваат, нешто малку поубаво барам
Help...кои други сајтови освен iherb би ми ги препорачале за порачување сублименти,витамини,минерали?
Женски за некои помодерни додатоци за дома, како плетени табуретки, кебиња од вуница, интересни парчиња крзно, рамки, слики, џиџи миџи да се најде камоли и онлајн?
Во Џамбо има два модела на влошки за ваква ситуација. Едниот е наменет за делот кај прстите, а другиот за петата. На еден пар балетанки го користам вториот модел и задоволна сум., а и добар е квалитетот. Одлично лепат на обувката. Цената е 70-80 ден.
Бошке ако ти се поголеми балетанките има мали "влошки" што се лепат над петата, кај тетивата. Тие всушност прават заштита од триење, ама мене ми вршат работа да не ми се соблекува обувката. Ги имаш во Дм, на Балеа се мислам (околу 100ден).
Како изгледаат, да ги барам? Овие ли се? И мене ми треба, се чудам што ми се случува со стапалава, ко да ми се смалуваат.
Каде можам анонимно да пријавам човек што дополнително го загадува воздухот со палење различни глупости секој ден? Ужасно смрди, не се дише. Го замоливме сите дека нема смисла, не можеме алишта да ставиме надвор, прозор да отвориме, и ништо.
Не знам дали е прашањево за тука, али да си прашам Дали има некој сеа брзо одено Шутка и да сподели како се движат цените на капути, чизмички и џемпери. А да, и кои денови е најубаво да се оди? Јас планирам петок да одам, би имало гужва?