Нати за жал треба да те разочарам, паричките не вредат ништо Првата е југословенски динар, значи не се користи веќе. Втората ти е 5 пени, а 1 пени е стотинка од британската фунта, така да би ти дошло 3-4 денари. На турската лира пред неколку години и ги скратија нулите, значи не важи парево. Исто и толарот словенски е заменет со еврото, не се употребува веќе. Шведската круна мислам важи се уште, ама секако е доста пониска од еврото, па така да и таа ти е речиси безвредна.
За принтање маици сликата што сакам да ја испринтам на маицата треба да ја однесам на усб, испринтана или како? Немам принтано маица до сеа така да појма неам...
Да така треба да ја однесиш, само аман не принтај во книжара.Грдо изгледа најголем формат на сликата е со големина A4,што е релативно мало за маица за возрасен.И грдо изгледа како ограничено.Како баш со пегла да си ја запелила.За никаде.И по перење ќе се запусти.Нека ти ја направат некаде да речам попрофесионално, исто ќе те чини верувај.Најди некое студио што се занимава со принтерски работи,постери календари и слично.Поубаво изработуваат, печатат на повеќе видови материјали.Во книжара ти е класична грда маица, стандард и неубаво изгледа кога ќе ја облечиш Се на се ќе ти помине меракот и ќе бидат залудно фрлени пари.
Здраво феминки. Дали знаете колку пари се апчињата кој што ке спречат да имаш менструација, за неколку дена зошто треба да одам на одмор а баш тогаш ке имам добиено. И дали е штетно тоа зошто јас имам 15 години? Фала однапред
Кога се рибаше паркет, прво се смукаше па се рибаше или прво се рибаше па се смукаше? Во дилема сум, се ми е спремно, уште да почнам. П.С Јес да е глупо прашањево признавам, ама се збунив бе
Има феминка што иде на курс по италијански? Планирам да почнам од следен упис, па збирам информации..
Jас секогаш кога има вакви квалификациони натпревари си купувам карта на влезовите од трибините. Kрај краева на касата на стадион (ако уште работи). Aко ти е за место, можеш кај сакаш да седнеш сега ако го пуштат стадионот ехеее можеш да бираш. Eве најдов: Влезниците за средбата Вардар - БАТЕ Борисов која ќе се игра на 25 јули (среда) од 20 часот ќе се продаваат во продажните салони на Тобако низ Скопје и Македонија, како и на билетарата на „Национална арена Филип Втори“
Јас прашував вчера во Тобако, уште немаше. Најверојатно од понеделник ќе ги пуштат, викендов не верувам
Многу ми е итно, ако може некој да ми одговори што е можно побрзо! Луѓе, знаете ли некоја стоматолошка ординација да работи за викенд? Било каде низ Скопје, само да работи за викенди. Морам под итно да одам на заболекар, па овие болки не се трпат веќе!
Прашај во работнички универзитет Кочо Рацин, одев порано на курсеви англиски/француски таму и сум презадоволна,а братучед ми порано одеше на италијански. Ептен квалитетна настава и супер кадар имаат. Само не знам како е со интересот за италијански и дали имаат формирано групи.
Сакам да ве прашам, си сменив аватар, сликата од нет ја најдов, ама многу ми е познат Си спомнувате ли да не има некоја друга феминка ист, па да испаднам преземувачка Фала
Да ги прашам нешто кумановки, пошто она моено либе кумановче појма си нема Преска влеговме во Сума и таму на тоа едно како табла кои продавници ги има пишуваше дека има Unique beauty centar јас мислев тоа само во Скопје го има арно ама побаравме не го најдовме..го има или не? И ако го има на кој спрат ?
Aбе за добри атрактивни натпревари не се чека на влез да се купи карта. 15 илјади беа продадени до прееска, а се очекуваше до крајот на денот 20 илјади карти да се продадени. Јас не верувам дека до понеделник ќе има карти, освен евентуално некоја на запад и исток. А за влез ич не верувам дека ќе има освен од препродавачи, кои ќе ви го изгорат џебот. Ако некој сака да оди трк утре во Тобако да си купи она што останало.
^ Jас секогаш сум успевала да најдам карти, еве последниве години Pаботнички кога освојуваше титули кај нас, по 100 ден. беа картите на влез, и плус тогаш само Cеверна беше пуштена па ни до пола не беше полн. A јас утре во Tобако ќе барам карти, или евентуално ако нема - на каса на стадион. Mе чуди фактот што толку многу карти се распродадени, дали дека се отвара целосно стадионот, или дека Bардар после години неиграње вакви натпревари . . . сеедно, нека има луѓе, нека се полни стадионот и нека има квалитетен фудбал. Cе што е наше ќе се бодри.