Поздрав друштво! Ќе ја искористам популарноста на темава да споделам дека имам потреба од бенд за приватна прослава, па доколку познавате некои такви дечки ве молам да ми напишете како би стапиле во контакт. !!!Услов е да се работи за вистински професионалци во секоја смисла на зборот, а дали се познати и сл не е важно.!!!! Убава вечер
Имам видено табла ама не бев сигурна дали постои бидејќи нема на нет ни број ни ништо ама ке проверам, фала ти
Ти треба за третман на рак? Не можеш да го најдеш во слободна продажба. Еден шприц е 300 евра. Пиши ми лп ако сакаш, ќе ти објаснам.
Сакам да почнам пилатес или јога. Многу сум улежана, никогаш ништо не сум правела освен месец дена теретана пред 5-6 години Што мислите што е подобро? И во близина ѓорче, влае, карпош каде има? Бидејќи не возам, со автобуси се движам па сега зимово би сакала да ми е поблиску. Од кога обично почнуваат групите? Малце ми е срам сега да се убацам ке ми се смеат сите не можам нога да дигнам би било убаво за почеток некаде кај што нема премногу гужва..
Сакам да прашам нешто. Дали некоја од вас се сретнала со една жена, да не пишувам име и презиме јавно, пишува по девојчиња, еве лично мене и познанички ми кажале, дека изработува бунди , елеци и такви работи и сака да ти направи тебе лично без пари за да ја рекламираш. Мене малце ми е сумљива па да прашам дали некој има искуство со нејзе, доколку некој сака нека ми пише порака за името нејзино.
Ако не ти се чека од интернет, јас земав слична ваква маска со pop socket за 400ден. од штандот со маски во Рамстор, се наоѓа на приземје кај Котон. Карго Експрес е во Олимпико, само прво отвори рецензии на Google па ќе размислиш дали да ги користиш нивните услуги.
Ја знае некој процедурата за повреда на работно место... кој ја плаќа оштетата и колку е отприлика каде да се обратам социјално или?
За излез од државата на неполнолетно дете со еден родител, дали е потребна писмена дозвола од другиот родител? Порано знам дека беше задолжително, но не знам како е сега...