@Slow18184, отвори ја песната на Youtube и линкот вметни го на https://ytmp3.cc/, кликни на Convert и потоа на Download и толку. Само ваков начин знам за mp3.
Издавање одобренија за патување во странство на малолетни лица 1. Ако лицето ( малолетно лице ) патува во странство или се враќа од странство во присуство на родител или старател не е потребно да има одобрение за неговото патување. 2. Ако лицето (малолетно лице) патува во странство или се враќа од странство без присуство на родител или старател,потребно е да има одобрение за неговото патување кое се издава врз основа на писмената согласност од родителите односно старателот,дадена во надлежните сектори-одделенија за Внатрешни работи,со приложување на увид-извод од матична книга на родените на малолетното лице кое патува, личните карти од родителите или старателот и таксена марка од 50,00 денари. Не треба.
Дечки менуваат по менувачнициве во Скопје од динари во денари или обратно? И како оди цената? Во Сити мол знам не ги примаат.Каде би ги примиле? Итно ми е. @chocolade Ако е детето постаро од 14 год не треба.Бар за влез во ЕУ не треба ников лист.Ако е под 14 треба.За во други земји не знам. Грешка моја касно видов дека е за со еден родител ама ова за во ЕУ важи мислам дека.
Едно време го правеа во Рамстор Мол, менувачницата на приземје. 2:1 отприлика беше курсот. На пр. за 1000 српски динари се добиваа 500МКД. Ова пред околу 1 година. Дали сè уште така, не знам.
Сакам да прашам едно малце глупаво прашање, ама стварно не знам како иде работава Дали може сама на себе да си уплатам пари на сметката преку која зимам плата? Дали потоа ќе треба таа сума да ја пријавам некаде ( ујп и слично)? Фала
нема данок. Цел на дознака:префрлање средства. Плаќач: ти Примач: ти. Парите одат од еден во друг џеб.
@Avery можеш. Јас сум во тутунска, и само на шалтер кажувам дека сакам да ставам пари на сметка. Давам пари, лична карта и картичка за да ја видат трансакциската и тоа е тоа. Данок не плаќам. Кога плаќаш данок, треба да приложиш од каде ти е приливот, а ти едноставно ставаш пари на твојата сметка. Данок се плаќа ако ти од твојата смета префрлиш пари на друга сметка.
Барав по огласи но ми треба поголем избор - да не знаете некој да продава куќа во Кавадарци по можност на спрат да е ?
Decki, kako mozam da si namestam kirilica na tastaturata na telefonov? Na prethodniot imav na samata tastatura da menuvam, a na ovoj nema nigde.. Mozam nekako da simnam takvo nesto ili?
Па зависи што телефон имаш. Види во settings, language and input. Таму би требало да го направиш тоа.