Не, туку се наоѓа буквално позади саем. Кога одиш по уличката кај Керамидница за да излезеш на семафорите на раскрсницата.. Вип е карши саем..не е таму. @najjacha
Луѓе , знам дека на фб имаше една страна за порачување платна за на ѕид и постела со мандала дезени. Ама не можам да ја најдам, ќе може помош ? Благодарам
Предлог за добра кафана(гостилница или ресторан) во Скопје каде што во сабота има жива свирка. Да не е многу скапо
Дали некој имал искуство со внатрешно вештачко крзно на јакна? Ја купив вчера и не престанува да испушта влакна Надворешниот материјал е како платнен, црн, а крзното е бело и баш се приметува. Дали има некакво решение?
Истреси ја добро надвор и земи од оние лепливите ролерите за чистење влакна од облека и поминувај. Можеби ќе се исчистат вишокот влакненца и нема повеќе да ти прави проблем. А ако едноставно таков е материјалот, пушта влакненца, тешко дека ќе се спрасиш од нив... На ист начин исчисти го црниот дел. Ако немаш таков ролер, сечи долги траки од дебелиот салотеип и поминувај по неколку пати.
Се цитирам повторно со надеж некој да ми одговори Во тек е повторно пријавување за школата... Ако знае некоја детали Ве молам пишете ми
Имам слушнато дека постојат апчиња за одложување на менструација? Доколку постојат ако може некој да сподели име на истите, евентуално искуство.
Да, постојат, примолут нор се викаат, истите ги препишуваат гинеколозите и кога имаш непрекинато крварење. Се пијат под режим, не ми текнува ама мислам се во ист саат една недела пред да ти дојде, еднаш или два пати дневно зависи дали од 5 или 10 мг. Секако да бидеш подготвена и на негативни исходи како подување, мозолчиња и секако после одкако ке ти дојде има шанси да ти се пролонгира мензисот. Ги пиев два пати и повеќе не планирам во животот да ги пијам Како си сакаш, на твоја одговорност
Дани, истото што и @Fontana го кажа. Примолут нор ги даваат и ако треба да „забрзаат“ и ако треба да успорат циклус. Ќе ти кажат со кој интензитет треба да пиеш. Имам пиено два пати по 5 дена заради задоцнет циклус, мене не ми се случи ништо страшно од нив тогаш ама не би ги препорачала заради долгорочните ефекти.
Кога го букирав одморот требаше кога тргаме да ми биде завршен циклусот. Ама овие неколку месеци наместо на 28 дена иде на 30-31 и се паѓа баш кога ќе стасам таму да ми дојде. 4 дена од две недели не е многу, но по деца во вода оти треба да одам ми е. Ама па и две недели да ги пијам не бива како што кажувате.