Не не, многу се две недели. А и без дијагноза, не знам дали би ти ги дале, особено не таму. Тука може и ќе поминат некако. Направи муабет со гинеколог, макар и по телефон, види шо ќе каже. Оти ти може ќе ја одложиш/забрзаш, ама после цела хормонална оска се ремети, 5-6 месеци треба да ти се стабилизира. Нели нешто и со тироида испитуваше? А може и од стрес/умор така ти се случува, да ти доцни некој ден.... може сега баш навреме ќе ти дојде. Празници малку релакс. Јас би ставила тампон, евентуално влошка ако не ти е удобно со тампон + куси памучни панталончиња надоле, купаќите нагоре. Некои најлабави, потемна боја. Ем ќе можеш по деца да трчаш, ем нема да се мислиш дали нешто испаднало, протекло, се гледа, се наѕира и слично.
Никој не спомна две недели, погоре ти пишав се пијат една недела пред да ти дојде види поубаво, 2 пати на ден зависи од мг, може и еднаш ако е од 10мг , и да, со препорака од гинеколог се или ако се знајте со фармацевката па да ти ги даде, така не ги даваат без рецепта , ако сакаш да ти подзакасни малце можеш со мн лимон и витамин ц, да ги конзумираш деновиве почесто, бар на мене ми подзакаснува ден два од тоа
Да, те сфатив. Јас сама реков две недели оти толку би ми бил одморот. Ако ги пијам на пример 5 дена, и потоа ми дојде, не ми врши работа бидејќи повторно на среде одмор ќе бидам со циклус. Инаку, секако би се консултурала со гинеколог, ова првен мислења и искуства да соберам.
Дали можете да ми кажете колку се движат цените на солиден апартман за туристи во Охрид на една недела? Не покрај езеро но на 10-15 минути пешачење. Другарки сме и колку е нормално да платиме?
И јас знам дека многу е две недели. Гинекологот ми кажа најмногу до 10 дена е дозволено да се пијат. Идеално би било да почнеш да ги пиеш на втор/трет ден од одморот ако до тогаш не добиеш, па да продолжиш до 10 дена. Можеш да си земеш во тебе за секој случај, ако имаш среќа да ти подзакасни, ако не 4 дена и не се толку многу
Препорака за спа центар со базен, за релакс во Скопје? Цени исто така ако знаете каде што сте биле.. Фала
Зависи какви, ако си купиш кеса со зрна и сама да ги испукаш на жешка рингла (веројатно знаеш онака како бабите наши што пукале) со малку зејтин и малку сол, не се калорични, ама затоа оние што се фабрички подготвени за во микро се калорични и дебелеат. Баш пред некое време ја гледав табелата со калории и се изненадив колку всушност се калорични, ако добро се сеќавам, тука некаде се со калориите во чипс.
Зависи од местоположба...имаш на аир бнб и на букинг разгледај. Ама околу 20 евра и нагоре ти е солиден апартман. А само соба се најдвит и поефтино. Ако ти е за Н.Г баш кревет цени.
Се согласувам со @Rebecca_R , ужас се купечките, баш како чипс... ама и тие домашните не се така наивни заради тоа што се прават со зејтин. Се' со усул ако се јаде, ништо не дебелее. Доволно е едно мало чиниче, не мора цела вангла.
Знае ли некој колкава е провизија во Комерцијална банка за уплата кон нивната банка? Немам сметка кај нив па затоа претпоставувам ќе има провизија.
Ако падне греалица во купатило, од тие обични старовременски закачени на ѕид со 1 2 3 степен на греење, ќе се случи нешто? Ќе експлодира? Ако падне на влажна површина? Пред некој ден не бев сигурна дали се поднавалила ама вечерва се осигурув, скроз се навали на ѕидот. Како да се откачува, како да се топело нешто додека е пуштена. Не ми се умира. Газдата на станов не крева на телефон. Маж на работа. Дали има потреба да ги тормозам комшииве?
Во Автокоманда во околината на трговскиот има некаде мобилара? Најобична мобилара каде би можеле да се купат стакленца за екран за мобилен.