ќе има ли некој хуман да ми каже кај може во битолава да набавам златно рипче и соодветен сад за чување на истото ? а и колку чинат ? благодарам однапред
Да.Баш се препорачува да се пие чај и тоа топол,особено на жештинава.Зашто телото трошело повеќе енергија да го затопли во желудникот.А штом повеќе се напрегнува повеќе се загрева (како машините де) и добиваме обратен процес.Наместо да се оладиме ние се греееме
девојки можам да пуштам на уплатница преку пошта пари на банкарска сметка?многу ми е далеку банката????????????????
Дали знае некој каде може да најдам пердуви од ној (како шал) и по која цена се движат ако знае некој
Сум слушала дека муслиманите најчесто пијат чај во лето. Особено забулените жени, топлиот чај бил корисен на топлинава, затоа не им е жешко во тие мантилите нивни.
Дечки а некоја крема за покривање лузни ја имам од операцијата и страшно ме нервира посебно лето кога треба да се носи купаќи
Contractubex е за лузни , цената некаде и е околу 500 ден до 600 зависи од која аптека ке ја купиш ама најефтина е во зегин. мене искрено не ми помогна, ја мачкав околу 7 месеци и ми здосади, ама многу луѓе ми имат кажано дека им помогнала. Купи си ја и пробај.
Може, само треба да бидеш упорна и редовна во мачкањето. Зависи колкава е површината на лузната, ќе потрошиш 2-3 тубички најмалку пред да помине.
Футроли за наочари од оние како кутивчиња што се ,се продаваат во оптика , така? Колку пари се отприлика?
Имаш и на пазарче, мојата е од Зелено. Не се сеќавам точно колку беа, околу 150-200денари зависи од футролата. Во оптика не знам колку се, ама сигурно се поскапи.
Златно рипче можиш да си купиш во продавницата Пријатели, во близина на Супер Марио, или па во продавницата покрај Драгорот надолу од Ленски мост. Цената е околу 100-150тина денари максимум, зависи од големината на рипчето. А стаклена топка со соодветна големина ќе те фати околу 300-400 денари, побарај во Јавор или во такви места каде се продаваат украси и стаклени садови
Ме интересира дали некој знае кои претстави се играат периодов во Драмски театар, или можеби подобро е да прашам дали воопшто има претстави?
Уште од поодамна, ги гледав во Џамбо, кај касите горе, сакав и јас да си купам. Ама колку пари беа, врска немам. Ама не беа баш ефтинки..