А како тоа со леќите се мачат очите? @angelche16 ако имаш диоптер + тогаш да, има шанса да ти се поправи видот. Но ако имаш - односно не гледаш на далеку, за жал неможе да се подобри. Сепак ако ти препорачаат очила, најдобро е да си земеш со цел да не ти се влоши
Јас не носам леќи.Ете на дечко ми му се некогаш суви очите, го чешаат. Многу лесно може да добие инфекција,некогаш се случува ако преку ден легне саат,два со леќи да спие после му се црвени очите. Ептен сака пазење. Затоа реков ако не и се за нон стоп да си носи наочари.
Дами, ве замолувам долку има некоја што живее во Холандија, или знае како оди процедурата за престој повеќе од 3 месеци, да ми пише лп. Благодарам
Дека рече се мачат очите затоа ти реплицирав И јас не би и препорачала леќи ако има мал диоптер и нема потреба да ги носи постојано. Инаку леќите сакаат одржување, ама затоа се многу практични и многу полесни за носење од очилата. Ако дечко ти редовно ги чисти и секако ги вади пред спиење, нема да има проблеми ниту инфекции.
Има опција преку апаратите да се плати, едни како банкомати што се. Таков апарат има на факултет, во Супер Тинекс во Кисела Вода, сигурно и на други места но не знам поточно каде.
Ги вади,мие раце пред да ги стави стандард се. Ако дува ветер, става очила за сонце,да не му влегува прашина во очи кога носи леќи. Ептен е малтретирање вака од страна кога гледам навистина. Колку и да се пазиш се случува нешто да се утне ко тоа да заспие со леќи или да влезе во базен со леќи и после трча да ги извади А ја со тегличкиве мои немам гајле
Па и јас носам леќи и досега не сум имала такви проблеми. Имам и спиено со нив (иако не треба), редовно се капам кога сум на одмор со нив, во море, во базен, па нема никаков проблем...Може дечко ти има суви очи, ама има и за тоа решение-вештачки солзи. Барем мене лично леќите ми се многу практични, за разлика од очилата. И нив мора постојано да ги вадиш и за во вода, во дожд, во снег, па се замаглиле, па си легнал на перница се свиткале...колку само неможам. Сум носела, пробав ама неможев... Ама, на кој како што му е поубаво
Ааа не сум знаела дека може да се капе.Ќе му пренесам, да си олесни малце и тој Во право си. Се навикнува на се. Двете нешта имаат и предности и мани.
Благодарам девојки на сите што одговоривте, утре сум на контрола па ќе видиме, ако треба да носам нормално ќе ставам. Благодарам уште еднаш.
Секси го има на Профисомо од ДМ, ама јас тука немам ДМ. Го најдов само на Глос , со 3 пакувања влажни оди џогерот, околу 350ден. Не сум дома да го сликнам. Практично е, бришеш и фрлаш. Ете со овие
помало е од ровусот , го видов од дм и јас , ама за брза раб онака да потфатиш брзински добар стое вака и јас во кав не сум видела , да видам у тинекс некаде да не го има @Sesil у околинава наша да не си го видела некаде