Дали некој има купувано фармерки од бебел фешн и какво искуство имате? Бидејќи гледам дека многу се евтини
Пробај со https://kupikniga.mk/. Колку што гледам имаат испорака за во странство - https://kupikniga.mk/politika-za-isporaka/.
Завршена е серијата.Се е откриено, нема логика да има нова сезона.Можда ќе има серија продолжение на PLL, како што The Originals е продолжение нa The vampire diaries @anonymousgirl03 симни си Македоника, ги имаш во е-формат книгите.Доста книги и жанрови има.Треба само на таблет да ја симнеш и акаунт да си направиш.Бесплатно е се.Јас кога одам на одмори од таму си читам книги.
Во Рамстор трговскиот имам видено на излог само не ми текнува како се вика продавницата.Прошетај таму сигурно ќе ги видиш баш се впечатливи.
Прашуваш за испит на факултет или...? Јас, како професор во училиште, сум организирала и спроведувала вакви испити. Како претседател на комисијата, ги составувам прашањата за писмениот дел (најчесто тест со одреден број прашања од целиот материјал кој се полага). Откако ќе го прегледам тестот, ако е положен го упатувам ученикот на усен испит, на кој пак му поставувам по некое прашање, а и другите два члена на комисијата имаат право да го прашаат што сакаат од материјалот. На крај, ние членовите на комисијата се договараме за оцената. Меѓу нас постои колегијалност, т.е. најголема тежина има проценката на професорот кој го предавал материјалот.
Прирачник нели ви дадоа на почеток на студии? Таму има објаснето, а најдобро ќе ти кажат во студентски прашања. Во рок од 24 часа откако ќе се објават резултатите од испитот поднесуваш приговор до деканот. Прво треба уште еднаш професорот да ја преиспита оценката, ако нема промени се составува комисија од институтот, писмено или усно ти даваат прашања и полагаш. Мислам дека 500 денари е комисиско полагање.
Ако си на УГД комисиско полагање значи ако го полагаш предметот по 4ти пат, односно ако си паднала 3 пати. Најверојатно членката погоре кажува за на друг универзитет. Комисиско полагање не е ништо поразлично од обичното, само што тестот би требало да го прегледуваат и други двајца професори. Немам полагано до сега вака, но мислам дека процедурата е таа.
Обично кога полагаме кај некој професор професорот прашува кој полага комисиски и му дава најнормален тест. Сепак зависи и од професорот и од факултетот. Во секој случај ништо страшно, научи си и без паники
Ама јас мислам дека треба да одиш на факултет и таму да прашаш како оди процедурата и колку треба да платиш.
@Crnookata за УКИМ пишував, бидејќи немаше назначено за кој контретно те интересира. Има и разлика дали сакаш да одиш комисиски поради негативна или позитивна оценка. Студентски прашања или координатор доколку имате ќе ти објаснат најдобро.