Феминки да ве прашам нешто, ако во старата фирма сум пријавена до 31.01 а во новата фирма од 05.02 дали ќе можам да ги искористам останатите денови од одмор?
Здраво Резервирав онлине карта wizzair кога отидов на аеродром не ми ја признаваа и бев принудена друга да извадам може да ми каже некој што може да е проблемот? Благодарам
Дали ти стигна код на меил или барање за потврда за резервација? Некогаш можеш онлајн да се чекираш, некогаш треба да ја испринташ испринташ картата и на аеродром да одиш 2часа порано за да те чекираат.
Резервира или купи? Резервираш за да ја платиш со банковен трансфер. Купуваш со картичка одма во истиот момент.. Дури и да не си ја чекирала картата а си ја купила, се доплаќа на аеродром за чекирање.. нема потреба нова карта да купуваш. На профилот ја имаш картата?
Сакам да сменам матичен стоматолог, дали треба да си го земам од него картонот? Како иде тој процес ако може некој да ми пише? Фала
Kupiv, greska sum se izrazilaja nemav cekirano samo. Predhodni pati ne sum imala problem ovaj pat ne mi ja priznaa mi propadnaa parite i plust druga karta kupiv.
Како да користиш одмор кога си преминала во нова фирма? Си ги зеде преостанатите денови во џеб за секој случај...
Значи дали може да се префрлат во другата фирма останатите денови, на тоа мислев, а не дали сум ги зела во џеб или не.
Не не, нема потреба да одиш и да земаш нешто од кај стариот стоматолог. Си одиш на новиот само директ, секако да имаш осигурување, кажуваш дека сакаш да ти е матичен, те внесува во систем и автоматски се префрлаш.
Од кога ќе има нови документи? Пасошот ми истекува месецов па да знам да не давам пари 2 пати за сега и после за северна.. И дали ако не го сменам сега и почекам а истече ќе платам некаква казна?
Како ве вработуваат со ваков ум? Како работите кога не можете да размислите дека не е логично да се префрлаат денови од одмор и лога не ги знаете основите по кои ви следува одмор? #смајлиштосекрсти
Супер девојка, твоите недолични коментари задржи си ги за себе, ако не знаеш да дадеш одговор тогаш нема потреба ни да ми одговараш. Никој нема потреба да ја трпи твојата ароганција и дрскост до плафон. ФМП.
Може доколу нема прекини во стажот. Ти даваат потврда од претходното работно место за неискористени денови и врз основа на таа ти даваат одмор во новото. Тоа е според закон. Се понатаму е договор со новата фирма. Те молам не ги навредувај луѓето кои не си ги познаваат своите права а прашуваат на форумот.Тие барем се трудат да се информираат. Полошо е како тебе. Да незнаеш а да советуваш. Прво информирај се, па потоа советувај.
Прво, таа има прекин во стажот како што напиша. Друго, која фирма уште непочнат ќе ти даде одмор? Трето, “незнаеш” се пишува одвоено.
Луѓе што да правам чешмата во кујна се замрзна од ладново, а пуштена ја оставив да тече по малку. Ми е страв кога ке почне да се разледува да не пукне некоја цевка и да направи поплава.
Нам пред 2 години ни се случи истото, ако имаш мала греалка впери ја директно на sидот кај што се цевките, внатрешни се претпоставувам. Ќе попушти за брзо, не се огромни студови сеа како пред 2 години што беа рекордни.