Работи секој ден. Цело Орце таму седи.Така што до 7 работи.А петок-сабота обично има средношколски журки. Пример сега е отворено.Еве бројче прашај си кога ќе те интересира.
не е, никаде не е секоја земја си има посебни критериуми за апликанти на конкурси од странство, исто како некој од надвор кога би дошол овде за да работи има комисија од институцијата во која аплицираш за работа и они одредуваат што и колку треба да дополагаш или полагаш одново
Јас ја имам , супер е , нема утка на почеток може ќе ти е чудно ама за брзо ќе а осетиш разликата , Јас како што бев научена да гњавам перница да а туткам , оваa ми идеше да а фрлам уште одма , ама сега оди види ме не а давам за ништо
дали некој знае Дали фотокопирницата кај студентскиот Гоце Делчев (не знам како се вика,а можеби ги има и повеќе) работи во недела? ми треба итно
@maaraa96 Кај нас за ниедна од тие продавници како Бершка/Зара/Манго/Страдивариус и сличните нема опција за онлајн купување, во другите земји сигурно постои опцијата, ама кај нас на страните може само да добиеш инфо за производот, неговиот состав, величина и достапноста во бутикот
Дали матичната може да даде боледување од извештај од специјалист кој не работи со фондот? Ќе ги тагнам @Alishan30 и @Annath може се запознаени.
Евтина струја има после 22 нели? Да не сменаја сега дан има пак евтина од 14-16 часот? И во недела е цел ден , како шо си беше?
Има ефтина преку ден во работни денови, и секоја ноќ после 22, а недела е цел ден. Ама не знам во кој интервал има преку недела. Не знам искрено, јас сум издавала боледување само врз основа на извештај од специјалист кој работи со ФЗОМ. Ама ретко давам боледување.
Мојата матична издава боледување со извештај од Ремедика и Систина, за други специјалисти - не знам дали може и дали твојата матична би дала. Да да, така е, секој ден од 14 до 16 и после 22 и во недела цел ден.
Ние немаме право да даваме боледување врз основа на специјалист од приватно здравство, се препраќа пациентот кај лекар кој соработува со ФЗОМ и врз основа на другиот претходен извештај, тој одобрува боледување повеќе од 7 дена. Тогаш ние матичните смееме,да дадеме и продолжиме боледување повеќе од 7 дена. Ако се работи за боледување до 7 дена, и ние врз основа на првиот извештај можеме да дадеме боледување без дополнителен специјалист