До Белград не, ама се имам возено од Брисел до Ротердам, баш со FlixBus. Автобусите им се нови, со wifi, многу удобни, можеш на раат да си спиеш, безбедни се. Плус, и возачите а и другите вработени во компанијата, се многу љубезни и ако имаш прашања некои, слободно можеш да им пишеш на фб, враќаат на пораки. И исто така, автобусите се ептен точни, на време, како за поаѓање, така и за пристигнување.
Здраво девојки, сакав да ве прашам дали некоја знае кој е број на уверение конкретно од економски факултет. Дали е бројот кај што е штембилот или грешка сум? Ми треба да го внесам на апликација за вработување ама не сум сигурна дали е тоа број на уверение...поздрав
Здраво, некој ако знае да ми каже каде точно во Кочани се наоѓа Амор конфекцијата или нивна продавница, ми рекоа некаде на влезот
Едно бебешко комплетче внатре се што има лигавче, нараквичиња капче, шпихозне, во кутија шо се и кај нас најчесто му оставаме пари (ако е машко да си купи сестриче и обратно) ако е подалечно околу 100 до 200ден, не ме сваќај погрешно ама кај нас е така
Тоа да, во секој случај не ми беше за ослабување туку за целулит дали помага бидејќи и за тоа е наменет, па ме интересираше мислење од некој што го користел.
Јас конкретко тој не, но сум користела еден Слим микс мислам се викаше. Во секој случај, треба комбинација со многу вода и здравс исхрана за да видиш ефект.
Или облека или козметика, нешто што се користи секојдневно. Некаде и парички се оставаат во креветче, некој вика дека се оставаат само монети за да биде детето цврсто.
Јас имам анатомска перница од Jysk (не ваков модел само) и сум супер задоволна. Ја имам 3 години, ја перам во машина и иста е како денот кога ја купив. Од мене едно големо да. А такви анатомски, меки, со силиконско полнење имам од Стружанка. И од неа сум задоволна, плус можеш да си извадиш од полнењето ако ти е превисока.
Си правам акаунт на Телеком-МК и ми се појави ова Матичниот е точен, но може ли да не го прифаќа бидејќи мојот број е на име на татко ми?Веројатно би требало негов матичен?
Може ли за креирање на дебитна картичка од Стопанска да се аплицира онлајн или само директно во банка може?
Сакав премногу да се запишам на тенис уште од мала но никогаш немав шанса. И сега премногу сакам да се запишам некаде барем рекреативно онака...Проблемов е што имам 18 години и мислам дека малку е глупаво сега да почнувам...Што мислете вие најискрено? Знаете некои тениски клубови во Скопје?