Ако планираш да се возиш многу пати во денот најпаметно е да купиш скопска 150ден и да надополниш 120ден.. и да активираш дневна дневна карта на апаратчето во автобусот. Се притиска десното копче најгоре што се тие две.. И тој ден до полноќ ти важи картата за неограничен број возења.. Или како што ти рекоа членките со телефон ама 40ден ти е едно возење..
Картичката важи до истекот на месецот кој е наведен како рок. Нема постапка, по автоматизам ја обновуваат, од Стопанска ти ја праќаат на домашна адреса а за Комерцијална треба да ја подигнеш од дирекцијата. Не знам за другите банки како е.
Дали банката може сама да ми ја затвори трансакциската сметка? И ако да, дали известуваат за тоа или да одам да прашам таму директно дали сеуште сметката ми е активна?
Не, може само да ти ја блокира картицата доколку немаш воопшто пари на неа за одржување, но за картицата мислам дека треба да одиш и да си прашаш таму па ќе ти кажат, во случај да ти е блокирана ќе си платиш и одма ја средуваат.
јас сум во комерцијална банка и трансакциската ретко ја користев не ми ја затвотија но достигнував минус до кај 200ден што земаат провизии за одржување. Известување никогаш не ми стигнало освен ако не појдам да извадам извештај за состојбата. На следна трансакција ми ги одземале тие 200 ден но без камати. Ако сакаш да ја затвориш треба сама да поднесеш барање.
Дали некој знае како се вика продавничката ( нешто како гифт шоп е ) од Кашмир надоле кога идеш, се продаваат мирисливи стапчиња, кристали?
Здраво да ве прашам дали има некој искуство и мислење за Aisec https://www.facebook.com/aiesec.macedonia/
Знаете ли како се вика тој магацинот на бит пазар карши женски пазар што е,што има внатре сва и свашта? (Копчиња декоративни хартии свадбени аранжмани)
Јас бев член дури студирав. Презадоволна бев, тој период AIESEC беше многу активен и функционираше беспрекорно. Навистина нуди многу можности, дружење, семинари и пракси во странство, семинари овде со многу звучни имиња како предавачи, плус остваруваш и многу контакти со фирми потенцијални работодавци.
Може да ти ја затвори ако после 24 месеци немаш никаква активност. Ама буквално никаква. Некои праќаат писмо дома а некои не.. оди во банка и ќе ти кажат.
Ќе се самоцитирам овде, како поактивна тема, со надеж дека ќе добијам побрзо одговор. Благодарам однапред
Ако не се лажам овој модел е многу стар, 2011-2012 година некаде. Не верувам да го најдеш нов, може евентуално на пазар3 или купи-продај огласи да најдеш на старо