Има во Т-мобиле неколку модели. И јас од Сони како марка сум презадоволна, конкретно го имав Sony Ericsson Xperia Neo, скоро па ист како моделот што го бараш, а пред тоа имав Sony Ericsson 810i. И од двата телефони бев презадоволна, ги користев по 5-6 години, а татко ми и ден денес го користи овој Sony Ericsson 810i, 12 години стар Никогаш не се расипале, а стопати треснале на земја, само батерии имаме менувано. Лани пак сакав да купам Sony Xperia XA, и тогаш доста разгледував, видов дека во Солун на пример се минимум 50 евра поевтини телефоните а има и поголем избор.
Каде се наоѓа завод за вработување во Скопје и која е процедурата таму? Дипломирана сум и сакам да се пријавам за да ми тече и осигурување. Кои документи се потребни?
@LollySky Јас сакам на татко ми да му купам, мало изненадување и сега знам дека таков модел како што постирав сакаше бидејќи го гледаше на Ибеј, а јас сакав да проверам дали има тука или барем онлајн кај нас да порачам од некаде
Зависи каков. Имаш во Анхоч, во Вип..и на мн други места Спојлер: Клик Осигурувањето не е поврзано со заводот веќе
Некој да ми препорача нешто за нервоза? Последниве месец-два многу сум напната и нервозна и сама себе не се трпам, не па други да ме трпат. Имав неколку случувања што ме доведоа во ваква ситуација, но не ми се оди по психијатри, сакам само малку да се потсмирам. Во принцип кога се чувствувам вака пиев релаксан (препорака од психолог) ама не ми дејствуваат веќе баш.. Сакам нешто друго, може да биде на природна база само појакичко нека е..
Женски, имам Super Star Glow патики и тоа напред ми е цело исчукано и ми ги грди патиките. Другарка ми кажа можело да се излупи ама страв ми е да не ги уништам патиките така. Знае некој дали може да се излупи?Ако да, како?Или како да ги тргнам тоа чуканиците.
Моите родители немаат здравствено осигурување. Дали јас, бидејќи сум студент, може да имам? @blue-diamond На вакво мислиш? На Бит пазар имам видено. Јас конец купувам од продавницата на Рекорд, Тетекс, имаат разни бои, а и разни конци.
@Little Star 12 можеш Земи си потврда од факс за редовен студент и приложи ја (каде поточно не знам бидејќи во мојата болница си имаат шалтер за такви работи).
Каде можам да најдам во Куманово и Скопје бело или крем сако или пак капут? Некаде цената да е до 1500 - 1700.
Што е целта со дипломите што ги даваат за завршен степен на одреден странски јазик ако не ги бараат за полагање за сертификат?