Дали на клиника прават панорама на заби и колку пари чини? Во приватна ординација имам правено одамна и 800 денари ми земаа, ама многу ми е па сакам на државно. И дали можам со упат од општ матичен а не од стоматолог (бидејќи немам матичен стоматолог)?
Епа јас кога правев пред некоја година со упат од матичен стоматолог 60 денари ми земаа. Ама снимката е катастрофа, темни. После ме пратија на битпазар таму правев нова 600 ми зедоа. А сега правев карши градска фонтана на два заба само 400 ми зедоа ама многу се добри снимките.
Добив чудна порака на фејсбук од профил "мајка фатима" . Ми пишала дека некој ми има направено магија и да одам некаде да го средам тоа. Но најлошто е све што има пишано е точно за мене. Во шок сум.. Постара жена е албанка.. Да не се случило кај некој од вас.. Која е женава, кај ме нашла ....
Ја заборавив лозинката на профилот од Халк Банка апликацијата што е за електронско банкарство. Дали морам да одам во банката или има друг начин?
Нашиот факултет објави дополнителни два дена за полагање испити на крајот од месецот. Значи одлука е на деканатот. Дали некој професор може да не дозволи да се полага неговиот предмет? Иако во известувањето стои дека може било кој предмет да се полага во тие денови, ама само еден.
Каде точно се наоѓа школата за убавина "Арт"? Знам дека е некаде на ул.Франклин Рузвелт, но точно каде незнам.