Има некој земено од оние неповратни средства за започнување бизнис што ги дава владата? Кои се условите? Дали навистина се неповратни или има некоај цака?
Не. Квалитетен кожен производ има долг век на траење. Има квалитетна и неквалитетна кожа, каишот или е од неквалитетна, или од вештачка кожа.
А убаво ги прашав дали е вистинска кожа. Затоа веќе и ме изгубија како муштерија. Колку се движи оригинален кожен каиш и каде би ми препорачала ти, или другите, да купам?
Тој можеби е направен од вистинска кожа, ама како што кажав има различни видови кожа и многу зависи и од начинот на изработка. Затоа има квалитетни и неквалитетни кожни продукти. А за препорака не знам, не сум купувала каиш.
Дали некој знае да ми предложи убав парк во Скопје поточно во Лисиче слушнав дека имало мн убави места за шетање?
Се што е од кожа направено треба да се одржава редовно од пукање..затоа постојат посебни средства за мачкање или пак,јас сум мачкала јакна, посебно крагњата, со хидратантно млеко за тело.
Парковите кај нас се сите лоши. Пре би ти препорачал да прошеташ до Матка, Марков Манастир, Козјак и Водно. Градскиот парк во Скопје е во лоша состојба. Клупи искршени, извалкани, кондоми можеш да начекаш позади некоја клупа или во тревникот, на некои делови од паркот неисчистено од ѓубре... Кучиња пуштени од ланци да си шетаат, без сопствениците да размислат дали некој би можел да се плаши, скитници кучиња на секој чекор, дел вакцинирано, дел не.... Доколку си надвор од Скопје, најубаво е да ги посетиш тие места што ти ги пишав погоре. Можеш да спортуваш и да пешачиш по кејот на Вардар.
Секој викенд сум во Парк и апсолутно не е точно тоа што го кажа. Ниту кучиња скитници има, ниту ѓубре. Еве моментално ги чистат сите канали и езерца од кал и тиње. Скоро направија уште еден парк за кучиња. Можеби паркот не е во совршена состојба, ама посебно предниот дел кај Школка и делот кај првото езерце со кафич се супер. @justin4ever убаво е паркчето со езерца кај Хотел Русија.
Мислиш на грант за самовработување? Кратко речено, неповратни се ако не ја затвориш фирмата во првите две години и ако ги почитуваш сите правила и обврски што ќе треба. Инаку се враќаат финансиските средства - доколку се затвори фирмата пред истекот на првата година враќаш 80%, а пред истекот на втората година треба 60% да се вратат. Има доста детали, и мој совет е секој што е заинтересиран и што сака да дознае повеќе да се пријави, ги викаат сите заинтересирани кандидати на информативни средби и кажуваат подетално.
Види во горица трејд Навистина се неповратни ..после втората година Јас земав лани. Ама ако бизнисот ти зависи од некој трет, ич не земај.. секогаш ќе има некој за да те заебе на почетокот Ако си работиш нешто мало само за себе, тогаш пријави се Неколку круга има процесот.. Дали со овој памет би земала сега да ми речат ... не би земала. Барем не за тој бизнис план што јас го имав а тие го селектираа. Затоа што зависев од други на кои не им се мрдаше ни со прст..
@Imagina @Dust фала на инфо. Работам нешто мало само за себе, никој немам со мене. Што малце ме плаши. И ме плаши времето, дали ќе успеам во бизнисот. Знам дека стравот е секогаш дел од секој нов подвиг, ама... ќе се пријавам, ќе видам како одат работите, па ако одобрат, ќе дадам се' од себе.
Ако имаш месечно ќар барем 22000 ден тогаш пробај. Ако не, немој.. 2000-2500 сметководител, мининалец со придонеси околу 17000 и нешто, одржување на сметка во банка, ситни трошоци... Со среќа па фали се ако бидне
Здравоо, бидејки во темата кариера гледам нема пишувано веке 2 год не верувам дека некој ке ми одговореше. Сакам да прашам некој сметководител ако има тука или некој што знае за тоа. Имам завршено економсли факултет но смер надворешнанадворешна трговија. Бидејки некако тешко од со вработувањето се заинтресирав за отварање на сметководството биро. Е сега некој да ми објасни што се треба да правам, да одам на пракса некое време кај сметководител, да полагам неш за лиценца, некој курс и сл.. некој да ми објасни поубаво ако може. Фала ви и извинете мна долгиот пост. Позз
Не сум сметководител но ќе ти кажам што јас имам слушнато. За да отвориш биро треба да имаш лиценца, а за да можеш да ја добиеш, пред се треба да имаш 3 години(или 5 беше, не сум сигурна) искуство. Така да мислам прво ќе треба да се вработиш некаде како неовластен сметководител, да го стекнеш потребното искуство, па потоа да полагаш (веројатно) за лиценца. Секако некој што е сигурен дали е ова вака нека пише. Ова се неофицијални информации