Прв пат ќе летам со авион, па ме мачи нешто. Дали во cabin bag смеам да носам шампон и паста?Вкупно се 400 мл. Не ми се во шишиња за патување, ама завиткани ми се во кеса од маркет. Освен куферот, имам и ранец. Дали во ранецот смеам да носам нешто храна?
Има ли некоја правено третмани за тело поточно против целулит во Афродита С? Ме интересира ова Вакуслим или само вакум, што е разликата
Ме интересира, дали е во ред да се вежба но пред тоа да се нема ништо јадено? Имам проблеми со доручекот и првото јадење ми е подоцна во денот..
Јас стварно не знам каде да го поставам прашањево, па решив тука да прашам. Пред два дена бев да вадам пари од картицата, и се тоа си кликнав подигнување и се и банкоматот немаше пари ми излезе картицата си ја земав и заминав, денеска пак отидов да си ги извадам парите и кога гледам парите од картицата ми ги нема. Сега не знам што се случило, дали јас од кога сум заминала па го наполниле банкоматот и парите излегле, па некој ми ги земал или не знам стварно. Во понеделник ќе одам во банката да видам што е работата, но тука сакав да прашам дали на некој друг му се случило вакво нешто? бидејќи пренервозна сум не знам како ќе издржам до понеделник.
Според мене Енрико, Џакомо, Џино исто имаат убава. Ни во Венето не е лоша мада е поскапа. Ако сакаш потенка некоја во Бруклин, Тренд, Чаптер @Snowflake97 ако немало пари немало воопшто да работи банкоматот.Бар во овој овде кај мене така беше.Немаше пари и пишуваше дека е надвор од употреба. А и еве да го наполниле со пари мислам дека нема шанса да искочиле одпосле. Ако ја извадиш картицата пари вадење нема.Прашај си во банка најубаво.
А пишуваше на екранот дека нема пари во банкоматот? Ако не пишувало, требало да почекаш. Тогаш трансакцијата не се извршува и не би требало да ти фалат пари од сметката. Никогаш не ми фалеле пари кога сум вадела од банкомат, а во моментот немало. Во банка можеше и денес да одиш.