Обично е од.8.000 до 6.000 ласерско белеење - зависи од ординацијата, ама има попусти па затоа одат почесто https://kupinapopust.mk/deal/index/...beleenje-na-zabi-dva-tretmani-poliranje-15704
^Јас последно платив 400 или 600 ден. за полирање кај матичниот стоматолог, пред да ставам фиксна. Не се сеќавам точно затоа што правев заби исто, па не ми е се толку чисто кое колку беше.
^^ Ама, белеење и чистење камен и полирање не е исто. Белеењето е посебна метода, иако со отстранување камен и полирање осветлуваат малце.
Погоре се спомна вртоглава цена за полирање и затоа јас пишав реална цена за истото. Колку се плаќа за белење не знам.
Може ли некој да ми пише отприлика колку изнесува платата на мед.сестра по нашиве државни болници а колку по приватниве ?
Јас чистев забен камен пред 2 дена ми наплатиа 800 денари, за белеење/полирање не знам која цена е. Ако има некој информација од сега брзо нека пише.
14.760 плаќам со вклучен кит за домашно белење заби. Да не искочи дека реклама праам ај нема да пишам име. Претходно одев на друго место и беше 12 илјади. Ова се опремени ординации на ниво на болница, не маалски забари. Белењето се врши 1-2 пати годишно. Чистење забен камен, пескарење и полирање е сосема друга работа. Да се надоврзам за др цени, полирање ми беше гратис со секоја пломба додека ги оправав забите, сега кога чистам забен камен добивам со него пескарење и полирање заедно, чистењето е со ласер па чини околу 2500 негде, а има и обично за пола од таа цена, а стрикно за полирање не сум била на забар и не знам цена. Позз
Прво се врши проверка на забите, да не има некој со кариес, пукната пломба, напукнат заб и слично - мора да бидат здрави сите заби и непцата исто што опфаќа чистење џебови, забен камен, полирање. Ти покажуваат такви заби со нијанси за да видиш колку реално може да ти обелат пошто не било кај сите исто и откако ќе се заврши припремава, ги премачкуваат еднаш забите со нешто за флеки вадење, мачкаат на непцата едно како гел за заштита да не се иритираат и на крај ги мачкаат забите со гелот и си седиш окезен со тоа пластиката 1 саат и со едно светло. После плакнеш, ставаат пак нешто за заштита на забите и толку. Домашниот кит има шприцеви со готова смеса и едно силиконско како оние против шкрипење на забите што се носат за спиење. Го полниш со смесата и го загризуваш. Домашното 'одржување' што го викаат они е за константно бела боја да имаш пошто после тоа во ординација пак пожолтуваат со тек на време од храна, цигари, сокови, вино и не е трајна бојата. Процедурата не боли, болат мускулите на лице после саат-саат и пол седење со такво силиконско хаха
Што мислите за донирање облека? Имам облека од децата од 0 до 12 месеца и се мислам дали да ја однесам има еден дом каде што има деца без родители но баш на таа возраст нема дете но ми рекоа дека може да ја однесам.
Однеси ја, подобро од дома да фаќа прашина. Или ако знаеш на некој да му е потребна да ја доставиш лично до местото.
Dali ima nekoj drug nezadovolen od gelovite za tusuranje na Balea? Jas go kupiv prv pat pred nedela dena posle dva sati isto kako ne kapena do mene e ili..