Денеска или општо? Јас не можам да пратам слика од прееска, па можеби има некој проблем моментално. А за општо, мене некогаш не ми стасуваат нотификации од Вибер. Ако го отворам ми ги дава пораките, сите наеднаш, но инаку нема нотификации.
За 12 не знам, јас вчера потпишав на не определоно односно кога сакам можам да потпишам друга тарифа. Без никакви обврски.
Аа па тоа повеќе ми одговара. Така можеш ли да земеш телефон по подобра цена (исто како со договор)? И какви се тарифите, колку плаќаш и што ти следува? Извини на премногу прашања, ми треба помош
За телефон не знам да ти кажам зошто јас не земав немав потреба, мојата тарифа конкретно е 449 денари и во тоа ми следува неограничени разговори кон сите оператори и 1,5гига интернет. Немаш бесплатни смс, мислам дека тоа е тоа околу тарифата.
Ve molam pomos utre su na razgovor za rabota vo sara fesn vo ilinden vo direkcija mi rekoa so 66 ili 63 mozam da stignam do tamu ali nz kaj da se simnam i da stignam do niv?Pomos???
Кажи му на шоферот и тој ќе те остави пред неа, после Хиподром поминуваш под еден мост и одма е после него. Ако нешто знаеш повеќе за тоа место кажи ми ќе ти објаснам подобро.
@zuto @lost123 Благодарам девојки Имам само уште едно прашање. Дали ако не потпишам за продолжување на договорот автоматски си останувам на истата тарифа, и можам да ја откажам(без пенали) или да потпишам пак 2годишен договор кога сакам? Така нешто ми се врти низ мисли, не сум сигурна.
Ако е поминат веќе преходниот договор и треба да го продолжиш, тогаш нема пенали. Продолжуваш со тоа што сега наместо на 24 месеци, ти остнуваш на неопределено, односно месец за месец. Тарифата можеш да си ја задржиш или да мигрираш на друга (од сега актуелните), ама не сум сигурна тука дали се плаќаше нешто за тоа. Можно е да се плаќа нешто само ако преминеш на поевтина тарифа, а за на поскапа мислам не. Најдобро е таму да си прашаш на лице место или јави се во контакт центарот. Јас колку што се сеќавам сѐ е исто, само разликата е во тоа што со договор на неопределено не ти следува телефон. Инаку овој договор во секој момент (месец) можеш да го раскинеш, а и продолжиш на определено (ако сакаш телефон). Ова обично го прават кога има убави понуди, пример за роденденот на вип, новогодишни или летни понуди.
Точно, ако ти е поминат договорот тогаш можеш да се префрлиш на било која од активните тарифи кој се во моментов без ништо да треба да платиш. Само за преносот наплаќаат 59 денари, кои ќе ти стигнат на следната сметка.