Може да платиш и преку мобилен, 40 денари ќе те чини. Кога одев со кола паркирав во катна гаража карши Аутомакедонија или во Тинекс Зебра
Здраво женски. Сакам да ве прашам дали знаете некој кој би можел да ми ги среди патикиве,се плашам бидејќи се како мрежичка,таков материјал,ми спомнаа имало некој кај бит пазар чевлар,ќе може ли поточно да ми кажете каде да барам? Фала
Зависи кое време. Јас последниве 2 месеци барем 2 пати неделно сум таму ама не ми се погодило така. Зборам кога не одат на работа луѓето, после 9 саат.
Не знам на каков тип подароци мислиш. Можеш да ѕирнеш во Зебра во оваа продавница, имаат интересни работи. https://m.facebook.com/pg/ArtFashionSkopje/posts/
Девојки, имам уплатено одмор за крај на Мај, уплатени ми се 50% од целата сума. Но нема да можам да одам, дали доколку им откажам уште сега враќаат дел од сумата? (Со факт дека откажувам месец и повеќе од тргнувањето). Фала
Нема да ти вратат ништо за жал имав иста ситуација, дури и пенали ми бараа ама на крај се договоривме некако да го продадат они пак тој аранжман
За бебето можеш некое бебешко комплетче, шпикозни, или пижамчиња, а за другарката нешто благо, и плус кога ќе одиш таму знам дека на бебето се оставаат пари, не знам колку уште тоа се практикува ама во градот од каде што сум уште така оставаат пари на бебето.
Облека некоја ама за поголемко кога ќе биде бебето не за сега ептен мало, во ваикики имаш доста ефтини работи а убави. Можеш и некоја играчка тропкалка во џамбо има или во зегин имаш по 100-200 ден, држач за цуцла ... нешто такво
Зошто? Пишува дека зависи колку дена пред поаѓањето откажеш ти враќаат одреден процент? Сепак повеќе од месец откажувам..
Мислам дека треба да видиш кај понудата. Барем досега што сум гледала понуди, пишувало ако откажеш толку и толку дена пред тргнување, толку и толку се враќаат пари. Со ѕвездичка стојат напишани условите, кај оној дел као цените се изразени во евра, а плаќањето е во денари, дали во цената е вклучена туристичка такса, во тој дел би требало да има и политика на откажување.