Тапети, баш тапети -нема. НО има самолеплива хартија со разни дизајни (цветчиња и сл) ...Ако нешто ти помага тоа
Девојки ви благодарам но во Битола знам само една продавница за тапети и многу се скапи пред неколку дека отворија овде Џамбо пак мислев дека има
Движи го по кожата во спротивен правец, кцкај го од када, или со силен млаз на вода Спојлер леле за ова кцкај не знам колку ќе ме разбереш, ама се закочив не може да ми текне литературен соодветен збор
Jас направив една глупост, па ми треба помош Си ги правев со златни светки ноктите и кај брат ми во соба и јас не сум јас ако не истурам нешто, па го турнав шишенцето и светките се разлетаа на сите страни сега се околу мене светка, и јас и целиот под и столчето дури и кучето, како за нова година да се спремаме,пробав со влажна крпа, со правосмукалка во ова време, со метла и со ништо не се чистат, залепени се ептен.Брат ми ќе ме убие зошто цела соба му свети, а јас немам поима како да исчистам Чаре дами ќе ве молам
1209 па пробај со ацетон избриши се тоа што си намачкала, а знаеш дека нема да се оштети од ацетонот.
Ама таа ништо не намачкала па нема корист од користење ацетон, не и се истурил лак, туку светки. Бројче, многу добро те сфаќам како ти е, и мене ми се има десено и тоа не еднаш, само не во собата на брат ми Лек нема некој посебен се додека не се разнесат низ цел дом , а мислам дека советот од Лолипоп за селотејпот е многу добар, пробај така . Знам дека не е за смеење, ама јас се изнасмеав, посебно за кучето
У,у, имам едно прашање. Малецко. Може некој (од поупатените) да ми каже што по ѓаволите е она ask.fm? Од кај излезе странава и која е целта на истата?
Целта е да замараат јас како што мислам. Него јас да прашам нешто.Имам балетанки,ги перев завчера.Вчера ги носев одма почнаа да мирисаат.Имам во план сега пак да ги перам.Читав негде дека содата помагала против миризба? а да ги исперам и со сода еднаш? Може некако да зезнам работа и дали е ефикасно? Ако знае некој нека ми каже помош,многу ќе ми помогне,фала
Има ли некој од економистите на форумот што пишувал завршна дипломска работа Би ценела лп со искуство околу изборот на темата, евентуално совет или идеја(јас сум меѓ. бизнис менаџмент)
Побарај во аптека Доктор Шол дезодоранс за стапала, земи го тој со плава боја, околу 170денари и долго трае, а врши одлична работа.
Мене така ми помогна Адидас дезодорансот за стапала (има зелен и плав). Околу 150 денари е го има во поголемите маркети.
Си правиш акаунт исто како и на другиве социјални мрежи и ти стигаат прашања на кои што ако сакаш даваш одговор, а ако не не. Целта е да се поставуваат прашања ваљда од страна на тие што ги интересира нешто за тебе и ти да им дадеш одговор на истите. Излезе од тоа што некој си направил и ајде сите по него. Ама дефинитивно се напнаа сите