Шпагети и макарони. По 10 пакетчиња носам по дома. Преубави се. Пробај од крофните во пекарата, а и скоро се внатре во пекарата е добро. Има сосови во црвена туба, на едниот пишува hamburger, а на другиот sandwich. Најубави сосови што сум ги пробал.
Тркалца има во Хубо. Не ги загледав детално какви се, но шетајќи по рафтови видов тркала и мали и големи.
Јас со Циф од лимон ја чистам. Мачкам на плотна и малку оставам да постои, најубаво ми чисти, па на крај откако ќе исчистам, прскам за сјај едно специјално за плотни.
@Alisa22 Во моментов во ДМ има попуст на кокосово од Виталија, 370 мл за 205 денари. Ладно цедено, органско пишува. Го користам, прекрасно
Еве ги најдов...нема поубави сосови и тестенини. Од истиов бренд на шпагетите имаш и разни макарони, шпагети, диетални шпагети, ориз, кус кус и тн. Предобри се...ќе земеш, ќе пробаш и ќе ми се заблагодариш што сум ти ги кажал. Слушај ми збор...
Кој е поубав од тие две, хамбургер или сендвич? Која е разликата ако ги имаш пробано? И цените кои се?
Не ми текнува кој беше подобар. Добри се и двата. Прашање на вкус е. Во едниот имаш како мали парченца од нешто како краставичка или што знам што е. За вкусовите најубаво е да си ги земеш двата па да процениш кој е подобар. Околу 3-4 евра мислам дека беа. Во Лидл во Неа Мудања сосовите ги имаше, на Лефкада ги немаше. Во Лидл пред Банско ги имаше една година, па следната ги снема. А тестенините ги има секаде. Има и други убави работи, ама кога ќе ми текне ќе ти ги пишам. Има и Лидл клуб карта, но не се исплати да ја земеш доколку не купуваш од таму често. Јас летно време кога сум на одмор во Грција, правам шопинг во Лидл, минимум 70/80€ трошам, купувам се и свашта.