Би требало да има во продавниците за долен веш, сара фешн на пример. Може може да се најде и на бит пазар по тезгите. За цена не знам искрено.
Во Сара Фешн имав купено, околу 400 ден. Мислам дека и на пазар ги има, во Њу Јоркер и Џамбо. Секаде се таа цена од прилика.
Во Бугарија избегнувај да јадеш месо. На Витошка, број 1 според мене е Happy bar & grill, спроти Црквата Св. Недеља (католичка е). Сушито им е многу добро, поефтино од нашето во Сушико. Има голем избор на многу јадења, услугата е брза и добра, храната не е многу скапа, скоро некаде колку кај нас се цените. Во Шпагети бар (се наоѓа до Хепи) не ти препорачувам да јадеш. Скапо е, нема голем избор на јадења и не е нешто да речеш уау. Услугата таму е супер, но другите работи не се. Рафи е моето второ омилено според мене. Голем ресторан, одлична и вкусна храна, услуга онака, цените слични на Хепи. Во Соул исто така е убаво, но нема голем избор на јадења. Исто така има добра пицерија Уго. Повеќе е италијанска храна, но е супер ако обожаваш тестенини. Други во овој доцен час не ми текнуваат, но ако ми текнат ќе ти реплицирам пак. Во Чаршија спроти џамијата. Во Горица Трејд се добри и квалитетни. Имам купувано од таму новчаници и сум задоволен. Само што не сум сигурен дека сеуште им стои продавницата во ГТЦ. Да, продаваат оригинални телефони. Цаката е што, Нептун, Сетек, ВИП, Т-Мобајл и сличните, даваат телефони на рати/договори и фискална сметка, затоа и цените се поскапи, додека во Фиксит не даваат сметка и рати. Би требало да ти дадат нивна гаранција. Фиксит иначе се бившите сервисери на Ледиком. Се наоѓаат блиску до нив. Скарани се меѓу себе мислам. Замена за обичните карти нема да добиеш никаде ако купуваш онлајн. И јас ги собирам картите од секаде каде што одам веќе 5 години уназад во албум.
Или купуваш карта онлајн, или одиш на продажното место и купуваш од таму. Ако ја купиш онлајн, ти стасува на меил и тоа ти е картата, со баркод е, не треба да ја замениш. Ако сакаш карта во физичка форма купи ја директно од продажното место, ама ни таму не знам дали ќе ти дадат таква или испринтан лист.
@Ма.нев @Oxymoron Можеби така е сега, но еве јас лично за сите купени карти до сега, сите ги имам купено онлајн, а подоцна ми ги замениле, и Енрике, Стинг, Џипси Кингс итн, ама сега оти знам Авалон лично почна да си ги продава, ме интересираше дали си останала истата постапка, за тоа Ви благодарам на одговорите
Само немој капки да побараш, ќе ги ставиш во незгодно продавачките, едвај ќе се воздржат да не се насмеат пред тебе.
Во Зара и Манго видов скоро идентичен модел. И во другите продавници ги има, популарни се. Околу 1300.
Bershka, Stradivarius, Pull and Bear. Околу 1300-1800 ден се. Можеш да ги разгледаш на официјалните страни. И во Мана, окер жолта боја 480 ден. Денес ги објавиле на фб.
Здраво на сите, дали можете да ми дадете информација колку плата земаат административните работници во Систина? Благодарам однапред, имајте убав остаток од денот!
Јас да прашам каде се пријавува ако се појави лице заболено од морбили? Постои сомневање дека колешка на работа има морбили а како што службата е неодговорна верувам ќе пробaат да заташкаат (како што направија кога се појави мрса)