Штом ти даваат на рака, веројатно те имаат осигурано или на минималец или на пола работно време за да плаќаат помали придонеси. Мене ми личи дека е второто. Побарај пресметка за плата да ти дадат. Кај мене потпишуваме таков образец ( колку е бруто плата и колку се одбива за придонеси и за кои и на крај нето платата). Или да те посоветува некоја феминка како да си провериш во завод или социјално на колку си пријавена. Не знам како иде тоа. И да, да секако, ништо не знаат они, ништо не разбираат
Имало некое бачило во Берово каде што прават и продаваат сирење. Дали знае некој да ми каже каде е точно и како да стигнам до него? Слушнав дека и ресторан Манастир земале сирење од таму.
Сум била, накај границата е тоа бачило, имаат и ресторан. Од Берово до езерото, исто толку е оддалечено бачилото од езерото, значи до границата. Патот е пуст, асфалтиран е но со дупки и неисчистен. За повеќе инфо, имаат фб профил https://www.facebook.com/vlado.vlado.562
Некој што скоро правел update на Iphone да ми каже дали горе лево кај што пишува Vip MK пишува и LTE?
Може може, не е до толку. Откако е затворена границата патот е запустен но колку толку исправен. Има изненадни свртки а и ќе пазиш на диви животни, дека ретко луѓе натака и трчат преку пат. Рекоа ќе отвараат граница, па може и сега го поправаат, имаше на пат багери. Јас бев за Велигден в Берово и бев до бачило.
Сега за овој Велигден беше? За сирење треба во ресторанот да прашам или блиску е бачилото? Или во склоп на ресторанот е?
Не видов јас овци околу ресторанот. 070345727 јави се прашај се што те интересира, го имам меморирано бројов и на него се јавувам
Во АВРМ можеш да извадиш М1/2 образрц или од газдата побарај си го образецот мора да го има или тој или во сметководство, ќе видиш на колку часови неделно(40h-полно, 20 h-скратено) си пријавена и од кој датум. Инаку за платата точно дека треба од сметководство да ја направат и откако ќе биде одобрена се враќа повратна декларација која се поминува во банка (процесот на одобрување е од 1 минута до еден ден најкасно)
Пат до ресторанот има до долу до главниот пат, нагоре до ресторанот е малку од малку поднаправен ама со кола се оди. Овци не си си видела затоа што не се таму. Нагоре е бачилото.. Ако продолжиш по патот кон граница, на уште 600-700 метри од лево имаш табла за бачилото... Е до таму ако не се лажам со обична кола не можеш да одиш.. ама и пешки не е далеку од главниот пат..убаво ќе пропешачиш и ќе вдишеш чист воздух .. За квалитетот на сирењето нема да зборам. Има подобро има и мноооогу полошо. Така да ако имаат, слободно земи си...