Би требало да најдеш батерија по мобилариве, но не се оригинал. Тешко дека ќе најдеш оригинални батерии за толку стар модел. Но и копиите би ти завршиле работа. Во мобиларите се продаваат од 500-800 денари, зависи кој колку маржа си ставил. Оригинална батерија не се исплати да ставаш, стар модел е, а батеријата е 1.800 денари. И совет за да ја зачуваш повеќе трајноста на батеријата: -Не го полни телефонот цела вечер додека спиеш. Ова важи за сите смартфони со литиум јонска батерија (сите смартфони се со такви батерии) -Најдобро за батеријата е да се празни до 15% и потоа да се сополнува само батеријата, значи не скроз да се дополни туку до 90% некаде. Со ваквиот начин ќелиите на батеријата помалку се оштетуваат и батериите повеќе траат.
Во Џамбо има убав избор. Имаат и Анаконда и Локо Кроко но мислам за разлика од Џамбо, дека се поскапи.
Здраво, дали би можел некој да ми каже дали има некаде да се продаваат вакви дрвени подлоги и вазни како на сликава? Фала однапред
Неее не ме имаш разбрано. Немам никаква обетка на уво, само се погоди таа слика да ја ставам од гугл, чисто за да го покажам делот кај што ме боли. Инаку зошто да е смешно да побараш народски лек кога делуваат? Јас апче немам ставено во уста и сите здравствени проблеми со народски лекови и на природен начин сум ги решила. Знам постоеше некој лек и за моево, болка надвор на увото али не знам кој :/
Ќе ја замолам @JuLleE ако сака да ми пише приватна порака. Ќе треба да спремам храна за човек кој е глутен алергичен, па ако сакаш да ми објасниш како се правилата. Знам нешто дека не требаше да се користат исти садови? И уште многу ситници. Фала ти.
Zdravo feminki. Dali znaete operata Farnace ide na angliski na nashi ne znam kako, od Vivaldi, dali se odrzuva vo NOB voobicaeno??Moram da ja gledam.
Може ли некој убаво да ми објасни каде ќе се движат утре 22, 21, 15, 7 од транспортен кон Карпош? Само не ми кажувајте имиња на улици, не се снаоѓам така
Да ми предложите некое студио кај што правите веѓи некој што знае убаво да ги направи дека веќе два пати ми ги утнуваат само да се наоѓа во Скопје
Известување за работно време на експозитурите на НЛБ Банка на 07.05.2019 година Почитувани клиенти, Ве известуваме дека по повод посетата на Папата Франциск во Скопје на 07.05.2019 година нема да работат следните експозитури: Експозитура Клинички Центар Експозитура Собрание Експозитура ГТЦ Експозитурата Дирекција ќе работи со променето работно време од 07:30 до 17:00 часот. Останатите експозитури ќе работат со редовно работно време. Со почит, НЛБ Банка