Јас баш планирам jumpsuit здравје догодина. Се каам што не одбрав jumpsuit за матура, фустанот убав ми го сошија, ама на мене не ми се допаѓаше нешто многу како ми стоеше, како тетка некоја да бев. И сега веќе фустан не ми текнува. А каде можат да се најдат убави jumpsuits, по пристојни цени?
Сакав да носам црна комбинација од jumpsuit ама делува преедноставно, бидејќи тоа ми е стилот. Имам свечен фустан долг едноставен без циркони, едно боен, без шлицови, па се си мислам да не е ту мач за апсолвентска. Ни на крај памет не ми паѓа кратко фустанче
Ако се одлучиш за jumpsuit,врз него облечи некој убав блејзер,ама што и да одлучиш,дали фустан или jumpsuit,можеш да искомбинираш со накит и нема да изгледа преедноставно.
Може прашањево не е за тука ама многу ме интересира дали верувате во љубов на прв поглед? Мене ми се има случено да се заљубам на прв поглед, но кога и да го кажам тоа сите ми викаат не е возможно. Што мислите вие?
Фала Според мене љубов на прв поглед всушност е само физичка привлечност,ти се допаѓа како изгледа,тело насмевка,движење и слично,тоа не е љубов туку допаѓање..За да се заљубиш во некој треба да го запознаеш по добро,да се заљубиш во карактерот и душата,а не во изгледот..
Ако мислиш дека ќе ти биде непријатно да бидеш едноставно облечена, оди на посвечена варијанта со долг фустан. Облечи се во двете комбинации и види во која си се допаѓаш повеќе, во која се чувствуваш попријатно и која ќе ти се види посоодветна. А и обичните целосни панталони можеш да ги збогатиш со убав накит, тенко каивче, шарено или сако во јака боја... За мојата апсолвентска пред неколку години свесно го одбегнав свадбарскиот стил ( не го кажувам во лош контекст) и одбрав нешто што би го облекла на некое побитно искачање, диско, роденден или слично, затоа што така се чувствував своја ( немам некој провокативен стил, да си кажам одма). Бев на фризер, а сама се нашминкав. Баш добив комплименти за изборот. Имав колешки кои беа во долги раскошни фустани кои се влечеа, што не ми беше за изненадување затоа што и на предавања одеа со штикли и фул шминка. Така да секој со својот стил.
За тие што живеат во помали станови без подрум - каде го чувате точакот? Ќе се селам во помал стан па стварно не знам каде би чувала точак, на единственото балконче што ќе го имам не ми се става.
Кај мене во зградава чуваат во ходник и на тераса. Јас не би во ходник, шубе би ми било да не ми го земе некој.