Епа исто е . Ако 15 души е тајфата , а кумови се двајца нели,тогаш пак е непарен бројот. 17 ќе бидат Е незнам бремена жена како се брои. Како единка или како двајца. Што се замараш со пар/непар. Викни 20 души и шО те е гајле
@ocicka2014 младите не кажуваат колку луѓе да донесе кумот, ама денес најчесто се договараат. Ама ти како кум треба да имаш сенс дека 5 до 7 луѓе (ако веќе сакаш непар може и 6 плус 3цата кумови) се сосема доволни за да се расположиш. Кога ме викаат како дел од тајфата ставам и поклон во плик, барем порцијата да ја покријам. Не дека праша, си кажувам онака.
Дали може да презапишам предмет да полагам на друг факултет,без да направам трансфер односно да запишам цела година на другиот факултет? И ако може,која е процедурата?
За на УКИМ, не може. Може да се запишеш на другиот факултет, ако се исти предметите од целиот семестар да ти ги признаат, а тој да го полагаш таму.
Не можам да ти пратам линк, пошто треба да кликнеш на терминот. Не се посебно наведени цените. Нејсе, од пон-чет 3д е 300ден, 2д е 230 ден. Петок- саб- нед 3д е 330ден, а 2д 260 ден.
Јас имам и нет и кабловска и искрено задоволна сум. Нетот брз е, а не си обврзан на годишни договори, т.е можеш да склучиш на колку сакаш и откажеш кога сакаш.
Ooo man јас дури сега видов дека си имала ваков проблем. Веројатно ти поминале до сега. Иначе истиот случај го имам и јас. Доколку користиш пудра или бб крема види го составот, и доколку има силикон би ти препорачала да не ја користиш. Не секое лице поднесува пудра со таков состав. И паста не му ставај. Пастата уште повеќе ги иритира и ја суши кожата. Земи си масло од чајно дрво, или исфрли ги сапунчињата за миење лице, имаат различна киселост (pH) со онаа на лицето, и тоа исто така ствара breakouts. Пробај си и види.
Некој да бил во Гарден Спа? Колку чини неколку часа користење на спа/џакузи/базен (што и да има) и дали се резервира нешто однапред?
Прашање за комерцијална банка. Последните два месеца кога и да отидам на банкомат ми покажува порака дека најмногу 3пати може да се провери состојбата на дебитната картичка и после се наплаќа 20ден.Чекав еден месец да помине и еве пак ми зеде пари и пак истата порака?! Кај некој друг се случува ова или само кај мене? треба да поминам до шалтер да прашам
Сакам да купам сребрена алка. Ве молам посочете ми некоја златара или слично каде што има убав избор. Благодарам
Редовно имаат понуди на Групер, клик тука за моменталната. Не сум била, но мислам дека треба резервација, најдобро јави се пред да одиш