Каде да најдам по ефтини тапети за детска соба, ама не 3D? По можност со фламинго или еднорог На сите страни онлајн што барав само обични, по едноставни има..
IBAN и SWIFT од банката на лицето на кое ќе му ги праќаш парите, негово точно име и презиме на латиница (онака како што е запишан во банката таму), основ по кој се врши трансферот. Ако е обично плаќање до 2500еур може без документ. Над таа сума обавезно документ по кој основ се праќаат парите.
Женски на сестра ми и е истечен и пасошот и личната карта. Крај на јуни сакаме од 28 ми да отидеме до Грција на неколку дена. Колку ќе чека за пасош додека и извадат , а колку за лична? И мора и пасош да има за у Грција? А како да закажеме вистина морало од фиксен телефон?
@Kjara15 Може да си закажете и електронски. https://termin.mvr.gov.mk/ И за двете во редовна постапка се чека околу 10-15 денови, а по итна постапка изглегуваат за 48 часови, но се плаќа повеќе. Пр. За пасош во редовна постапка јас сега вадев (за мојата возраст, 24), беше 1500 денари + 300 за такса. За итна постапка се плаќа 4500 за пасошот.
Ми треба рамка голема од оние за величина на сертификати пример што се урамуваат или некои признанија, благодарници т.е таков тип "документи". Нели обично по канцеларии или ординации има такви доста урамени, на такви мислам, таква величина? Каде можам да најдам и отприлика колку се? Ми текна на Базаро ама да не одам џабе да барам...вака сигурна информација ми треба.
Со сигурност има во Џамбо, јас купив пред еден месец, имаше сребрени, златни, дрвени. Рамките се за А4 формат, а и на сликата што ја има во рамката пишува дека е за диплома/ сертификат. Околу 150 денари се, не повеќе од 200.
@Kjara15 може и преку мобилен сега. Јас за возачка закажував пред 2 месеци. Инаку, има опција да се слика во кај МТВ, во Ѓорче, Бутел и Беко ( ако сте од Скопје), па видете каде најбрзо имаат термин. Но, тешко дека по редовна постапка ќе го добие пасошот до 28-ми.
Прашање до оние кои студираат на УГД. Ве молам за одговор и помош, имам обврска да уплатам испит за друг ама јас не се разбирам во системот на овој универзитет, а немам каде да прашам или да се јавам таму. Гледам дека пријавување на испити стои до утре вечер, ама не знам кој износ треба да го уплатам за испит во втората декада ( дали тоа значи редовна сесија или дополнителна, пошто се различни износи, а студентов за кој ќе уплаќам е вонреден). Совет како треба, односно кој износ да се внесе за еден испит во втора декада за вонреден студент?