Има ли бројчиња од ВИП во маалскиве продавнички или само во нивните продавници? Иии, ќе ми биде нешто од кесичка пржена пченка со поминат рок? 10-15 дена е поминат рокот...
Мислам дека има, а за пченката боље не ја јади... Не знам дали може да се расипе, сува е и се тоа ама чим има рок значи има некој додаток што се расипува
Ова прашање не е одговорено, или не е применето, или не го видел тој што знае. Дали постои воопшто вакво нешто? Ајде нека ни одговори некој и мене страшно ме интересира.
^ Lux, ај погледнете го ова http://my-digital-diary.en.softonic.com/.. Едит: И ова http://mydiary.en.softonic.com/. (најсимнувана апликација е.)
Прашањево ко од муте, ама ај Што ви се оние Дримкечер? Украси ли, звончиња за врата, не можам да сконтам? Ај просветлете ме, ако не припаѓам на планетава да си барам виза за Марс
Индијанците верувале дека ако закачат над креветот ловецот на сонови, тој ги лови лошите соништа така што се закачувале на мрежата, а добрите поминувале низ дупките. Тоа им било заштита при спиење.
малку глупичко прашање али.. морам да прашам.. како се прави ладен нес? ии слика ако може (не како изгледа ладниот нес, него несот во кутија) благодарам однапред!
http://www.clearwater.am/en/catalog/685/ Така изгледа. Прво се става една и пол или 2 лажички кафе, шеќер по желба и мала количина на вода и се мати со машинка за нес. Потоа само се досипува млеко или вода по желба.
Јас правам со нескафе класик. Кутијата изгледа вака: Или вака: Нескафето многу лесно се прави. Јас го правам на следниов начин: Ставам лажица нескафе и една лажичка ако сакаш погорко шеќер или две лажички шеќер ако сакаш да ти биде благо. Ако ептен благо го пиеш можеш и три шеќер да ставиш. После тоа ставаш многу малку вода. А сето тоа го ставаш во чаша за матење. Од ко ќе ставиш се, можеш и да додадеш коцки мраз ако сакаш, ама и не мора. После ја затвараш чашата за матење и почнуваш да матиш. Да го кљанкаш(ова на дијалект е) да го мучкаш не знам како да ти го пишам зборов и го матиш/тресиш така една минута добро, може и две. После си се прави и пена и се. И после го тураш во чаша, му додаваш млеко и сламка и спремно е за пиење. Ако имаш машинче за нескафе. Истото го правиш, се тураш во една чаша, значи малку вода, кафето и шеќер и го матиш со машинчето и после му додаваш млеко.