Дали некоја знае да ми каже за рајан ер, за приорити? Сакам да купам приорити и дали ми следува багаж? Или треба багаж посебно? Јас неам чекирано багаж само карта зедов...
Дечки ќе ве замолам за совет, уплатив за еднодневно капење за во Грција сега во недела преку идеал превоз, али пак ќе врне со грмотевици, не сакаат да ми преместат за друг датум ниту да ги рефундираат средства. Имате некој совет или некој кој е во иста ситуација?
Туристичките агенции немат одговорност за враќање на средствата или менување на термин во таа околност. Законски 15 дена најдоцна пред патувањето можеш да ја промениш датата и притоа да ти наплатат плус 10% од цената. Е сега зависи и од агенцијата ама неможеш ништо да смениш, освен да отидеш да не ти пропаднат парите можеби и ќе ти се погоди времето.
Може ли од т мобиле секој месец да ми стигнува детална сметка бидејќи сум на претплата , се плаќа тоа ? Знае некој?
Значи не знам од каде и како ми има влезено стоногалка во СОБА. Додека мене ме лупа паника и вриштам таа ми избега. Фатив цела соба ја превртев со ракавици на раце, папуча во една рака и средство за прскање прозори во друга. Земав сите глупости низ шкаф ги извадив. И две мачки пуштив во соба да ја бараат, едната моја маца и другиот мачор на комшијата. Дали има некаков начин да ставам нешто за сама да се намами или да напрскам некое средство за инсекти? Све превртев и џабе, а сакам мирно да спијам вечерва.
Ќе одиш на мој телеком, од лева страна има менија, оди на сметки и плаќање, таму ти ги има сите досегашни сметки. Кликни на било која од нив т.е на бројот кој е носител на договорот и ќе ти се прикажат сите повици на бројот. Горе можеш да бираш за кој временски период сакаш.
Ако не си го откажал патувањето 15 дена пред тргнување, од правна гледна точка не може да ти се рефундираат средствата. За промена на дата, зависно од политиката на туристичката агенција, ама во наши услови не мислам дека ќе ти излезат во пресрет на барањето.
Со прајорити ти следува 10 кила кабинска торба, и ранец, исто како Виз. Имаш уште една опција, чекиран 10 кила багаж, ако сакаш течности да понесеш/купиш, или ако се распродаде прајорити. Цената е иста.