Ако вадиш заб самиот доктор ми има кажано дека не треба да имам добиено бидејќи можеш повеќе да крвариш, а за пломбирање не знам, но сепак ако не ти е итно почекај да ти заврши. Сепак најдобро да си го прашаш стоматологот најубаво ќе ти објасни.
Ги има некој ли пробано Парасофтин пилинг чорапите, што цена се, и дали стварно делуваат на оштетени стапала?
Женски, знае ли некоја каде излегуваат ЛГБТ во Скопје ? Имам пријателка од странство која ќе ми дојде скоро на гости, а сака да оди по вакви клубови - ме праша 100 пати. Јас немам поим дали има такви места воопшто во Скопје ?
Само ако се вади заб или ако е потребна поголема поправка на забот,не треба да се оди со добиена менструација особено ако е обилна.За обично пломбирање нема проблем.
http://mkprevoz.com/ Со една реченица на гугл наоѓаш се. Исконтактирај ги. Имаш уште 10 слични фирми види кои со цена најдобро ти одговараат.
здраво. на 29 ме испуштија од болница, имав ванматерична бременост, примив три метотраксат и ме и испуштија со бета хцг 73. Ми рекоа дека треба дома да се дочисти тоа со крварење. Цело време имав слабо крварење како добиено. Вчера и завчера скоро ич како кафен исцедеок. Денеска пак е свежа крв. Ми рекоа дека има и циста, но таа накнадно после редовен циклус да се прегледа. Мене деновиве и треба да ми дојде редовен циклус, ама не знам дали е тоа или е цистата, или сеуште крварам. Некој со слично искуство. контрола имам во петок. Не знам дали да одам порано или да почекам. Уплашена сум за сопственото здравје.
провери на пазарче кајшто се продаваат такви работи на некоја тезга или Анхоч, ваљда би ги имало таму.
Нема директна линија. Од Центар може со 4, 41 и да се симнеш на постојката после Осигурување. Тоа е ул.Борис Трајковски. Тука има мал трговски и се движиш десно каде што почнува Емил Зола. За полесно да се снајдеш, или вклучи Гугл мапа или прашај некој од минувачите кога ќе се симнеш на постојката. Лесно се наоѓа.