Побарај во поголемите продавници за играчки, а може и во помали да има. Обично ги изложуваат пред 1ви април, ама ако побараш ќе ти извадат и да не се изложени. Види во Локо Кроко, Анаконда и слични на нив. Едит: ова ако ти требаат детски.
Девојки ми треба помош итно. Ако може некоја да ми објасни која е процедурата за стапување во брак. Каде се закажува? Колку време порано треба? На кои локации може да се одржи церемонијата? Дали изводите на родени треба да се понови од 6 месеци, и за колку време ги вадат? Дали веднаш го добиваме венчаниот лист? И како да извадиме и интернационален? Колку време одзема промената на личните документи по брза постапка? Било каков одговор ќе ми биде од помош. Благодарам однапред.
1. Каде што се вадат извод оф матична книга на венчани (во мојот град сите изводи и од умрени и од родени и од венчани се на едно место) таму се закажува за венчавка во општина 2. Зависи кога сакаш да биде церемонијата. Ако сакаш во работен ден може да има термини, ако сакаш викенд за брзо тешко. 3. Церемонијата обично ( и во мојот град) се одржува во зградата на општината. Можеш да ја одржиш каде сакаш, матичарот ќе дојде каде што сакаш ти, но се плаќа 6000 денари (ако се венчаш во општина, уплатница за склучување на брак кошта не повеќе од 200 ден. Тие ги плаќаш кога ќе бараш термин во службата за матични книги) и плус превоз на матичарот. 4. Изводите се вадат за 24 часа. Треба да е нов (не сум за ова 100% сигурна) 5. Венчалниот лист го добивате одма. 6. Не знам. 7. Промена на податоци во документи оди минимум 2 недели. Брза постапка за вадење лична карта нема (не постои), а пасош (може по брза постапка за двојно од износот по редовна) се вади врз основа на податоците во личната карта, така што и да сакаш брза постапка за пасош мораш да ја чекаш да излези новата лична карта а тоа е 10 работни дена од кога ќе се сликаш. За сликање ти треба да закажеш термин, и се разбира ( ) нема да добиеш термин од денес за утре. Прашај слободно ако нешто не ти е јасно.
@fana ти благодарам многу Дали е возможно да го извадам прво пасошот и да одам до странство со него, а потоа да ја извадам личната карта?
Не. Мораш нова лична карта, па нов пасош. Можеби ти се брза, но постапката е таа. Со врски можеби можеш да ја убрзаш но пак ќе е тоа тоа. Прво лк, па пасош. 500€ е казната ако патуваш со стариот пасош, а веќе си променила некои од податоците кои ги пишува таму (не мора да е само свадба во прашање) Најбезболно според мене е да направиш венчавка после патувањето во странство.
За промена на адреса не мора да смени лични документи т.е не знам за лична карта, ама пасош не мора. Така нас ни кажаа кога сопругот сакаше да го смени. Немало потреба бидејќи не менувал лични податоци А и не мора да живеат на иста адреса, еден куп парови имаат различни адреси на живеење.
прашањево не знам за која тема е соодветно, па затоа ќе го поставам во две- кога некој има напишано погрешен број за карго и мене ми стигне порака да ја подигнам пратката, како да дадам до знаење дека не сум јас тој што порачал? само да пишам на бројот дека им е погрешен, па они да си мислат или? баш пред 15 минути ми стигна порака да подигнам пратка и сега не знам што да направам
Во право си, само што за адреса навистина може да каже да живее на друга адреса, а за презимето има извод од венчани и тоа може да го проверат. Само размислувам
@fana @Ano А доколку го оставам моето презиме и се преселам во странство, што се случува тогаш со адресата на македонските пасош и лична карта? Останува иста нели?
До накај 17ч. но веќе десетина минути после 16ч. почнуваат постепено да ја собираат робата. Воедно внимавај ако одиш летно време кога е топло, под тезгите е уште потопло, па имај со себе ладна вода и план за евакуација. Звучи на прв поглед смешно, во многу може да биде непријатно поради топлината.
Дали има некој друг проблем со апликацијава на вип? Една недела не можам да сее логирам да си проверам состојба, ја преинсталирав и пак џабе..